Нoвости во светот на стандардите
Започна соработката на ИСО Консалтинг со првиот ИСО регистар во Македонија
14.02.2020
Последните истражувања покажуваат дека животниот век на компаниите сѐ повеќе се намалува. Главните причини за ова се појавата на нови технологии, економски шокови или пак одредени практики на моќните конкуренти и неможноста компаниите да се подготват за идните предизвици. Ова го издигнува прашањето: Како некои компании опстојуваат со децении во средина која рапидно се менува? Одговорот лежи во срцевината на ISO стандардите и нивната импементација. Во моментов постојат вкупно 22996 ISO стандарди за секој аспект од работењето и за сите индустрии. Накратко, она што тие го овозможуваат се квалитетни и сигурни производи/услуги, минимизирање на трошоци и грешки во работата и зголемување на продуктивноста на компанијата.
Она што е ново во нашата држава е дека од неодамна постои првиот ISO регистар на сертифицирани организации според барањата на ISO или други важечки меѓународни стандарди. Преку регистарот ќе можете најбрзо и најлесно да извршите проверка дали некоја организација поседува валиден ISO сертификат. Во склоп на ова, постои и регистар на аудитори во кој можете да пребарате кои аудитори се квалификувани да извршат проверка во вашата организација. Преку членство пак, имате можност да ја прикажете валидноста на вашите системи за управување како и да добиете промоција на самиот регистар се со цел да допрете до релевантни страни, како и попуст за консултантските услуги кои се потребни за имплементација на некои од системите за управување.
ISO Consulting е тука за да го олесни процесот на имплементација и зачленување во ISO регистарот. ISO Consulting како партнер на ISO регистарот нуди 20% попуст на своите услуги за сите оние кои ќе се зачленат во ISO регистарот. Оваа понуда важи за сите нови клиенти, како и за оние кои сакаат да го дополнат своето портфолио на меѓународни стандарди со нов стандард кој ќе ја прикажува посветеноста при работењето на компанијата.
За повеќе информации проверете ја веб страната на ISO регистарот или контактирајте нѐ на [email protected].