ISO стандардите обезбедуваат широка палета на придобивки од економски, технолошки и општествен аспект. За да ги согледаме, во продолжение претставуваме 10 конкретни придобивки од воведување на ISO стандарди:

 

  1. ISO стандардите им овозможуваат на бизнисите да се пробијат на пазарите ширум светот, благодарение на меѓународната прифатеност на овие стандарди.
  2. На оние кои се бават со иновации и нови технологии. ISO стандардите им помагаат да се забрза развојот на нивните иновации во комплетни производи. Муштериите ќе уживаат поширок избор на производи и услуги, а секако ќе ги почувствуваат и добивките од модерниот начин на работа.
  3. Конзистентноста на производите и услугите според ISO стандардите ја зголемува довербата во квалитетот, безбедноста и доверливоста кај купувачите.
  4. ISO стандардите создаваат технолошка и научна основа за формирање на здравствена, безбедносна и еколошка легистлатива во работата на Владата.

5. ISO стандардите формираат „бариера за влез на фирмите кои се заинтересирани да влезат на одреден пазар. На тој начин се                 штитат оние вложиле во работа според стандардизирани процедури и утврден квалитет.

  1. Со дефинирање на карактеристиките кои одредените производи мора да ги исполнуваат за да се извоз на странските пазари, ISO стандардите им пружаат шанса на земјите во развој правилно да го инвестираат својот буџет за да освојат нови пазари.
  2. Од еколошки аспект, ISO стандардите помагаат да се заштити воздухот, водата, почвата од штетните последици на индустриското производство.
  3. ISO допринесува за општо подобрување на квалитетот на животот на луѓето преку мерки за ISO 45001:2018 заштита при работа со алатки, машини и транспортни средства.
  4. Воведувањето на ISO стандарди го зголемува бројот на проверки врз производите, материјалите, услугите, системите, процесите и луѓето, со што се намалува шансата за несакани исходи
  5. ISO стандардите претставуваат меѓународен консензус за најдобра пракса кога се испитува усогласеноста на работата според одреден стандард. Преку ИСО регистарот може да проверите кои правни лица и аудитори поседуваат сертификати за ISO стандарди.

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.