Нoвости во светот на стандардите
ISO:14001: Преку грижа за животната средина до зголемен кредибилитет на вашата компанија
05.02.2020
Во последните неколку години, повеќе од било кога сме изложени на информации за глобалното уништување на животната средина и сите негативни ефекти кои би следеле како резултат на несовесно однесување. Иако светот не може да влијае врз текот на природните несреќи, сепак може преку своите постапки да спречи дополнително експлоатирање и уништување на средината. За таа цел, во 1996та година беше создадена фамилијата на стандарди ISO 14000 кои ги поставуваа критериумите за ефикасен систем за управување со животната средина. Најпознатиот стандард од оваа фамилија, ISO 14001 беше последно ревидиран во 2015та година, и токму за него ќе зборуваме во овој блог пост.
Што е ISO 14001?
Системот за управување со околина е уникатен за секоја компанија – се состои од уникатен микс од политики, процеси, планови и практики кои ги дефинираат правилата за интеракција со животната средина. Секоја компнија го прилагодува системот да одговара на нејзините специфични деловни процеси и крајни цели. Ова е точката каде стандардот ISO 14001 се покажува како навистина корисен – на компаниите им дава рамка и начела за креирање на систем кој ќе ги содржи важните елементи (на пример полиси) за успешно управување со животната средина.
Придобивки од ISO 14001
Една од најголемите придобивки од имплементација на систем за управување со животната средина е зголемениот кредибилитет и конкурентност кои доаѓаат преку грижа за поголемата слика односно животната средина. Ова е многу важно во создавање на репутацијата на компанијата и како таа е перцепирана од околината. Следствено на ова, зголемената репутација води до подобри односи со јавноста, клиентите и општеството во целина.
“It takes 20 years to build a reputation and five minutes to ruin it.”
Warren Buffet
Останатите придобивки вклучуваат:
- пронаоѓање на начини за заштеда со придавање поголемо значење на управувањето со ресурсите, отпадот и енергијата;
- постигнување на стратешките бизнис цели со инкорпорирање на прашањата поврзани со животната средина во управувањето со организацијата
- зголемување на усогласеноста со законските барања за животната средина и потенцијално помалку надзорни посети од регулаторните тела
- поголем пристап кон нови партнери и потенцијални клиенти.
Важно е да се напомене дека во изминатиов период, овој и останатите ISO стандарди се земаат како критериум при јавните набавки. Ова значи дека доколку Вашата компанија аплицира за тендер, поседувањето на ISO стандардите ќе биде од бенефит бидејќи се дава поголемо значење на компаниите кои работат по светските стандарди за животна средина.
Како до имплементација на ISO 14001?
Откако ќе дефинирате дека ова е стандардот кој ви е потребен, потребно е да ги исполните барањата од системот, а тоа можете да го направите на еден од трите начини: да ја извршите имплементацијата сами, да одберете пакет за имплементација или пак да ангажирате некој од нашите консултанти. Нашите консултанти поседуваат сертификати за водечки имплементатори и аудитори за стандардите кои Ви се Вам потребни и со тоа гарантираме професионална и ефикасна имплементација, како и успешна сертификација.