Нoвости во светот на стандардите

Еве како да ги намалите трошоците за ISO имплементација за 30%

06.09.2017

Денешната трка за пари не доведува да мораме да ги разгледаме сите опции кои ни стојат на располагање. Прво можеме да ги намалиме трошоците за имплементација на системот за квалитет, а второ како опција ни е зголемувањето на можностите за продажба на домашниот пазар, или пак да конкурираме на јавните набавки. Денес би сакал да се задржам на јавните набавки. Дали сте знаеле дека во 2014 година вкупната вредност на јавните набавки во Р.Македонија изнесува 980 милиони евра? Можноста да го поделат колачот од оваа бројка ја имале само 10.400 економски оператори, од тука се поставува прашањето дали и вие сте еден од овие опретори , или можеби во иднина би биле еден од нив? Ако одговорот ви е да, тогаш препорачувам да продолжите со читање.

Затоа ИСО Консалтинг сакајќи да им излезе во пресрет на клиентите разви систем, со кој ќе можат многу побрзо и поедноставно да го имплементираат бараниот систем за управување и при тоа да дојдат до посакуваниот сертификат. Преку нашиот систем клиентите ќе можат да ги исполнат барањата од стандардите во нивното слободно време, без притисокот на закажување на состаноци, покрај тоа работејќи го системот, нашите клиенти ќе можат да ги согледаат критичните точки во секојдневното работење, да ги отстранат главоболките кои што најчесто резултираат со губење на време и ресурси, придвижувајќи ги во виситнската насока.Со тоа нашите клиенти ќе можат да ги почувстуваат придобивките од имплементација на стандардите изразени во пари.

Да не заборавиме да напоменеме дека овој начин на на имплементација е далеку поевтин од класичниот, каде што нашите клиенти би заштедиле и повеќе од 30%. Колку за илустрациција на класичниот начин треба да се додат трошоците за пат, времето на консултантот, како и сместувањето на консутантот, па така во најгомелем број на случаи цената за имплементација на еден систем за управување би преминала и повеќе од 1000е.

Повеќе информации можете да добиете на следниот линк. Системот за имплементација е прилагоден да можете да без претходни познавања од системите за управување да го имплементирате, но сепак доколку наидете на потешкотии или прашања ние имаме и систем за поддршка преку кој ќе ги добиете бараните информации и ќе ги надминете потешкотиите. Самиот систем се состои од 92 документирани информации од кои 25 процедури и 67 записи преку кои ќе можете да ја следите работата во вашата компанија, напишани на лесно разбирлив стил во MS word и MS Excel кои лесно можат да се едитираат доколку е потребно. Сите овие придобивки можете да ги добиете по цена од 42,000.00ден. со само еден клик на следниот линк

Се надеваме дека нема да губите повеќе време и пари, и ќе станете дел од успешната приказна на компании кои знаат што значи да се има квалитетен прозвод и задовлен купувач и веднаш ќе го имплементирате најбараниот систем за квалитет ISO 9001:2015.

iso9001