OHSAS 18001:2007

OHSAS 18001 им овозможува на организациите ефикасен начин на идентификација на ризиците врз здравјето и безбедноста на вработените, како и одредување на реални цели и мерки за достигнување на посaкуваното ниво за безбедност при работа.

 Дознај повеќе

OHSAS 18001 Имплементација

Дефинирајте ги вашите потреби

Веќе го направивте првиот чекор.
Го избравте OHSAS 18001:2007.

OHSAS 18001:2007 претставува меѓународно прифатен британски стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со здравјето и безбедноста при работа. Стандардот им овозможува на организациите рамка за поставување на политики, процедури и контроли за ефикасно справување со ризиците по здравјето и безбедноста на луѓето при вршењето на работните процеси.

СМЕНИ ГО СТАНДАРДОТ

ISO 9001

ISO 9001 е меѓународен стандард за системите за управување со квалитет издаден од ISO организацијата.

Стандардот им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат.

Дознај повеќе

ISO 14001

ISO 14001 ги поставува критериумите за ефикасен систем за управување со животната средина.

Првпат објавен во 1996 година, а последен пат ревидиран во 2015, им овозможува на организациите систематски пристап кон управување со влијанијата врз животната средина од нивните процеси производи и услуги.

 

Дознај повеќе

HACCP

HACCP Codex Alimentarius овозможува систематски пристап за воспоставување на систем за управување со безбедноста на храната.

Преку анализа на опасностите и поставување на критични контролни точки, им овозможува на сите организации кои се учесници во ланецот на исхрана да ги контролираат биолошките, хемиските и физичките опасности од одгледувањето и набавката, се до производството, дистрибуцијата и конзумацијата на храната.

Дознај повеќе

ISO 22000

ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната.

Со инкорпорација на барањата од ISO 9001 и HACCP принципите, ISO 22000 им овозможува на организациите кои се учесници во ланецот на исхрана да ја докажат способноста да ги контролираат опасностите за безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, се до моментот на конзумација

Дознај повеќе

Сами извршете ја имплементацијата

Вие најдобро ги знаете потребите на вашата организација.

Доколку се одлучите за оваа опција, потребни ви се значително време и ресурси, адекватно познавање на системите за управување и голема решителност за да го постигнете тоа. Најголем дел од организациите не се одлучуваат за тоа самите да ја извршат имплементацијата бидејќи никогаш не можат да бидат сигурни дека истата ќе биде соодветно изведена и на крајот ќе резултира со успешна сертификација.

Најчесто поставувани прашања

Пакет за имплементација

Одберете најлесен и најефикасен начин на имплементација на OHSAS 18001:2007.

Документацијата во пакетот која ќе ја преземете е целосна, лесно прилагодлива за вашите потреби, практична за употреба и успешно докажана низ досегашните извршени имплементации. Покрај документацијата која ќе ја преземете, исто така добивате систем за поддршка од наша страна која ќе ве следи во секој чекор низ процесот на имплементација на системот.

Погледни ги пакетите

Ангажирајте еден од нашите консултанти

Одберете стручни лица кои ќе Ви помогнат да ја постигнете целта.

Оваа опција наменета за големи организации или пак за оние кои не можат да одвојат доволно време и ресурси за самите да ја извршат имплементацијата со помош на пакетот за имплементација. Нашите консултанти поседуваат сертификати за водечки имплементатори и аудитори за стандардите кои Ви се Вам потребни и со тоа гарантираме професионална и брза имплементација, како и успешна сертификација.

Побарај понуда

ПРЕД СЕРТИФИКАЦИСКА ПРОВЕРКА

Пред-сертификациската проверка е процес кој е од исклучително значење кој се одвива по извршувањето на имплементацијата.

Во овој процес се врши комплетна проверка на целокупната документација на системот, како и неговото функционирање во рамките на организацијата, сѐ со цел да се осигури успешна сертификација.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг врши пред-сертификациска проверка на имплементираните системи за управување со цел да се валидира имплементацијата на системот. Оваа проверка е од исклучително значење за организациите бидејќи со изведување на истата се евалуира успешноста на системот за управување и сите негови елементи пред сертификацискиот аудит. Оптимално време за извршување на пред-сертификациската проверка е 1-2 недели пред закажаниот сертификациски аудит. Оваа временска рамка е зададена за да може организацијата навремено да се справи со потенцијалните неусогласености со барањата на стандардот кои би биле воочени.

При проверката се разгледува целокупната документација на системот и нејзината инкорпорација во соодветните процеси на системот за управување.

ИСО Консалтинг на своите клиенти им нуди повеќе опции за изведување на пред-сертификациската проверка.

 

Побарај понуда за пред сертификациска проверка

СЕРТИФИКАЦИЈА

Втората фаза од процесот за стекнување на OHSAS 18001:2007 сертификат е сертификацијата од страна на акредитирано сертификациско тело.

ИСО Консалтинг соработува со многубројни меѓународни сертификациски тела и може да ви помогне при избор на најдобрата понуда за сертификација на вашата организација.

ИЗБЕРИ НАЧИН

Сертификациско тело е организација која е акредитирана од овластено акредитациско тело за нејзината способност да врши аудити и издава сертификати кои укажуваат на примената на барањата на одреден стандард (ISO, OHSAS, HACCP и др.). Акредитацијата докажува дека сертификациските тела се оценети според одредени стандарди со цел да се демонстрира нивната компетентност, непристрасност и способност. Сертификација на системот за управување се врши преку сертификациски аудит од страна на водечки аудитори од сертификациското тело. При аудитот се врши проверка на усогласеноста на системот со барањата на стандардот и се оценува ефективноста на сите компоненти од системот, со што се докажува дека системот за управување е соодветно имплементиран и функционира во рамките на организацијата. По успешното изведување на сертификацискиот аудит, аудиторот изготвува извештај и дава препорака за издавање на сертификат кон сертификациското тело. Неколку дена откако сертификациското тело ќе ги добие извештајот и препораката од аудиторот, организацијата се стекнува со сертификатот за стандардот кој ѝ е потребен. Сертификатите кои организациите ги добиваат се со важност од три години, по што сертификациското тело врши ресертификациски аудит за продолжување на важноста на сертификатот.

Побарај понуда за сертификација

ОДРЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ

Една од најголемите придобивки на ISO стандардите е постојаното подобрување.
Со навремено и соодветно управување на процесите на имплементираниот систем, организациите можат постојано да го подобруваат имплементираниот систем, како и целокупното работење на организацијата.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг им нуди на своите клиенти поддршка (услуги) за одржување и подобрување на системите за управување.Одржувањето и подобрувањето на системите за управување се од исклучително значење за организациите кое има за цел да ги подобрува и ажурира системите како што тие се развиваат и подобруваат.

Со користење на услугите за одржување и подобрување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди ја осигурувате успешноста на надзорните аудити од страна на сертификациското тело и да ги уживате придобивките кои стандардите ги нудат.

Услугите за подобрување и одржување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди вклучуваат:

  • Управување и развивање на процесите во организацијата
  • Управување и ажурирање на документацијата на системот
  • Темелна анализа на ризиците и можностите во организацијата
  • Навремено идентификување и управување со неусогласеностите
  • Причинско-последични анализи на отстранување на аномалиите при работењето
  • Изведување на интерни аудити на системот за управување
  • Постојано подобрување на системотПобарај понуда за одржување

Што е OHSAS 18001?

OHSAS 18001 меѓународно прифатен британски стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со здравјето и безбедноста при работа. Стандардот им овозможува на организациите рамка за поставување на политики, процедури и контроли за ефикасно справување со ризиците по здравјето и безбедноста на луѓето при вршењето на работните процеси.

Со воведување на систем за управување со здравје и безбедност при работа, организацијата ги утврдува деловните активности преку кои позитивно влијае на нивото на заштита при работа на своите вработени. OHSAS 18001 им овозможува на организациите ефикасен начин на идентификација на ризиците врз здравјето и безбедноста на вработените, како и одредување на реални цели и мерки за достигнување на посакуваното ниво за безбедност при работа.

Структура

Барањата на OHSAS 18001:2007 за системите за управување со здравје и безбедност при работа се утврдени во точката 4 од стандардот, која е поделена во 6 делови:

4.1 Општи барања

Овој дел конципира изјава за системот за управување со здравје и безбедност при работа кој треба да се воспостави, документира, имплементира, одржува и постојано подобрува во согласност со барањата на OHSAS 18001, потенцирајќи дека системот за управување со здравје и безбедност при работа не е еднократна активност, туку треба да се одржува и постојано подобрува.

4.2 Политика за здравје и безбедност при работа

Политиката ѝ овозможува на организацијата да ги постави целокупните цели во опсегот на системот за управување со здравјето и безбедноста при работа. Политиката ја вклучува посветеноста на организацијата да ги почитува барањата за здравјето и безбедноста при работата и спречувањето на појавата на повреди и нарушување на здравјето на вработените.

4.3 Планирање

Планирањето во OHSAS 18001 се состои од три фази. Најпрвин, организацијата треба да ги препознае опасностите и да ги одреди ризиците поврзани со секоја работна позиција. Во втората фаза, организацијата треба да ги утврди сите законски барања кои се однесуваат на препознаените опасности при работата и процесите, осигурувајќи се дека тие се разбрани и се почитуваат од страна на сите лица во организацијата. На крај, се воспоставуваат цели и програми за подобрување на системот за управување со здравје и безбедност при работа и се алоцираат ресурси за нивна реализација.

4.4 Имплементација и операции

Во овој дел од стандардот најпрвин се одредуваат улогите, одговорностите и надлежностите во системот за управување со здравје и безбедност при работа, како и ресурсите кои се потребни за истиот. Откако сето ова ќе се изврши, организацијата треба да ги воспостави барањата за компетенции, обуки, свесност и комуникација (интерна и екстерна) потребни за функционирањето на системот. Барањата за документацијата и контролата на документите овозможуваат конзистентност на системот, додека пак барањата за контрола на операциите и процедурите за управување со итни и вонредни ситуации обезбедуваат униформност таму каде тоа е потребно.

4.5 Проверка

Проверката во OHSAS 18001 ги прикажува барањата за мониторинг и мерење, вклучувајќи ја и евалуацијата на усогласеноста со законските барања поврзани со здравјето и безбедноста при работа. Овој чекор е потребен за организацијата да може да биде сигурна во одлуките кои ги донесува во системот за управување со здравје и безбедност при работа. Тука се вклучени управувањето со неусогласеностите, корективните мерки, превентивните мерки и изведувањето на интерни аудити. Без овие елементи и записите кои од нив произлегуваат, невозможно е управувањето со здравјето и безбедноста при работа и постојаното подобрување.

4.6 Преиспитување од страна на раководството

Земајќи ги предвид записите кои произлегуваат од барањата за проверка на системот, раководството врши преиспитување на сите излезни елементи од системот со цел да се осигури дека сите активности соодветно се извршуваат и дека се обезбедени адекватни ресурси за исполнување на барањата од системот.

Придобивки

Имплементирањето на систем за управување со здравје и безбедност при работа во согласност со барањата на OHSAS 18001:2007, покрај намалувањето на стапките на несреќи и инциденти при работа, им овозможи на организациите да уживаат во многубројните придобивки:
•    Овозможување на безбедна околина за одвивање на процесите.
•    Зголемување на контролата на ризиците кои произлегуваат од работењето.
•    Зголемување на конкурентноста, особено при учество на јавни набавки.

•    Подобрување на имиџот и кредибилитетот на организацијата пред клиентите, регулаторните тела и јавноста.
•    Зголемена усогласеност со законските барања за здравје и безбедност при работа.
•    Зголемување на довербата кај клиентите, партнерите и инвеститорите.
•    Зголемување на мотивацијата кај вработените.
•    Овозможува сеопфатен пристап кон одржувањето и постојаното подобрување на здравјето и безбедноста при работа.

Пакет OHSAS 18001:2007

Пакетот за имплементација е моментално во изработка.

Пакетот за имплементација е моментално во изработка.

Пакетот за имплементација е моментално во изработка.

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Заинтересирани сте само за одредени процедури?

OHSAS 18001:2007 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со квалитет. Организациите го користат овој стандард за го докажат квалитетот во нивното работење и да ја демонстрираат способноста постојано да овозможуваат производи и услуги кои се усогласени со барањата на клиентите.

  • Компетенции, обуки и свесност.
  • Управување со инциденти.
  • Проценка на опасност.
  • Разбирање на организацијата и нејзиниот контекст
  • Оперативна контрола.
  • Неусогласеност, корективни и превентивни мерки.

ВИДИ ЦЕЛОСНА ЛИСТА

Имате специфично барање?

Сакате понуда за воведување стандарди во Вашата фирма?

Сакате понуда за обука за стандарди во Вашата фирма?

Кликнете и пополнете го нашиот формулар и ќе бидете контактирани од страна на нашите менаџери.

ФОРМУЛАР