Најчесто поставувани прашања
Новости
Кои организации можат да имплементираат ISO 22000
Сите организации кои се вклучени во ланецот на снабдување со храна, вклучително и организации кои учествуваат во:
- Производство на храна
- Состојки за храна
- Адитиви за храна
- Транспорт на храна
- Пакување на храна
- Подажба на храна (големо/малопродажба)
- Служење на готова храна (кафулиња, ресторани и продавници)
- Производство на опрема за произдоство на храна
Проверете кои организации поседуваат сертификати преку регистарот за ISO стандарди.
Дали е HACCP меѓународно признаен?
Да. HACCP принципите се прифатени низ целиот свет, особено во Европа, Америка, Азија и Австралија. Сѐ повеќе, HACCP станува главна карактеристика припроцсот на увоз/извоз. Е препознаен од земјите како најдобар метод за управување со безбедност на храна.
Зошто е HACCP значаен?
Важноста на HACCP е во тоа што тој ги приоритизира и контролира потенцијалните опасности при производство на храна. Со контрола на најголемите опасности од храна, како што се микробиолошките, хемислите и физичките контаминенти, индустријата може подобро да ги осигури конзументите дека нејзините производи се сигурни. Со намалувањата на опасностите од не соодветна храна, се зајакнува заштитата на јавното здравје.
Што е HACCP?
HACCP, или Hazard Analysis Critical Control Point system, е систем за контрола на процеси кој ги идентификува потенцијалните опасности кои может да произлезат при производство на храна и поставува стратешки контроли кои го превентираат нивното случување. Со строго следење и контролирање на секој чекор на процесот, се намалува веројатноста на опасности кои можат да се случат.
Дали секоја компанија може да имплементира ISO стандард?
ДА. Доколку компанијата работи легално во државата и најми консултанти за имплементација и сертификациско тело кои ќе ги изведат имплементацијата и сертификацијата на ISO стандардите кои се потребни, тогаш ниедна компанија не е исклучена од имплементирање и стекнување со сертификат.
Дали морам да се сертифицирам?
Не. Некои организации одбираат да ги имплеметираат принципите на ISO 9001 бидејќи е интернационално препознаен начин за водење на вашиот бизнис. Доколку немате потреба од приложување на сертификат тогаш може да имплеметирате ISO стандард, но да не се сертифицирате.
Колку време важи ISO сертификатот?
Сертификатите важат 3 години, и е потребно да се вршат ресертификациски проверки еднаш годишно.
На кој јазици е достапна документацијата?
Во моментов документацијата е достапна само на македонски јазик.
Дали вашата документација е прифатена од сертификациски тела?
Да –стручен тим, искусен за барањата на сертификациските тела, учествуваше во развојот на документацијата.
Кога ќе излезе нова ревизија на стандардот, дали ќе добијам ажурирани документи?
Да, кога ќе се ревидира стандардот ние ќе ги ажурираме нашите пакети за имплементација и ќе ви испратиме бесплатна надградба. Нашата политика е да ги испратиме сите надградби на клиентите кои извршиле купување во последните 12 месеци.
Дали вашата документација е целосна?
Документите се примероци и не се 100% пополнети бидејќи тие треба да бидат адаптирани според потребите на вашата организација – секој документ содржи коментари кој појаснуваат каде треба да се внесат дополнителни или специфични информации за организацијата, што може да биде изоставено, што е задолжително според стандардот, итн. Со други зборови, примероците се 90% завршени, додека останатите 10% можат да бидат адаптирани според вашите потреби.
Дали сета документација која е задолжителна според стандардот е вклучена во пакетот за имплементација?
Да, сите задолжителни документи се вклучени + тие кои не се задолжителни, но се често користени.