ISO 9001

ISO 9001 е меѓународен стандард за системите за управување со квалитет издаден од ISO организацијата.  Стандардот им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат.

ПРИДОБИВКИ

  • Добро дефиниран и документиран систем за управување со процесите во организацијата.
  • Постојана следливост на излезните елементи од процесите.
  • Мерливо управување со квалитет под постојан надзор.
  • Ефикасно управување со ризиците и можностите во организацијата.
  • Лесно пронаоѓање и идентификување на практиките кои се неважечки или неефикасни.
  • Документираните информации кои произлегуваат од стандардот се лесни за употреба.
  • Пристап до нови пазари кои го побаруваат ISO 9001.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ISO 14001

ISO 14001 ги поставува критериумите за ефикасен систем за управување со животната средина. Првпат објавен во 1996 година, а последен пат ревидиран во 2015, им овозможува на организациите систематски пристап кон управување со влијанијата врз животната средина од нивните процеси производи и услуги.

ПРИДОБИВКИ

  • Развој на корпоративниот имиџ и кредабилитет;
  • Пронаоѓање на начини за заштеда со придавање поголемо значење на управувањето со ресурсите, отпадот и енергијата;
  • Зголемен мониторинг и контрола на влијанија кои процесите во организацијата ги имаат врз животната средина
  • Постигнување на стратешките бизнис цели со инкорпорирање на прашањата поврзани со животната средина во управувањето со организацијата;
  • Подобрување на компететивната и финансиската предост преку зголемена ефикасност и намалување на трошоците

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ISO 45001

ISO 45001 претставува меѓународно прифатен британски стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со здравјето и безбедноста при работа. Стандардот им овозможува на организациите рамка за поставување на политики, процедури и контроли за ефикасно справување со ризиците по здравјето и безбедноста на луѓето при вршењето на работните процеси.

ПРИДОБИВКИ

  • Овозможување на безбедна околина за одвивање на процесите;
  • Зголемување на контролата на ризиците кои произлегуваат од работењето;
  • Зголемување на конкурентноста, особено при учество на јавни набавки;
  • Подобрување на имиџот и кредибилитетот на организацијата пред клиентите, регулаторните тела и јавноста;
  • Зголемена усогласеност со законските барања за здравје и безбедност при работа;
  • Зголемување на довербата кај клиентите, партнерите и инвеститорите;
  • Зголемување на мотивацијата кај вработените;
  • Овозможува сеопфатен пристап кон одржувањето и постојаното подобрување на здравјето и безбедноста при работа.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

HACCP

HACCP Codex Alimentarius овозможува систематски пристап за воспоставување на систем за управување со безбедноста на храната. Преку анализа на опасностите и поставување на критични контролни точки, им овозможува на сите организации кои се учесници во ланецот на исхрана да ги контролираат биолошките, хемиските и физичките опасности од одгледувањето и набавката, се до производството, дистрибуцијата и конзумацијата на храната.

ПРИДОБИВКИ

  • Минимизирање на ризиците поврзани со безбедноста на прехранбените производи;
  • Ефективно следење на процесите во организацијата;
  • Зголемување на довербата кај клиентите;
  • Зголемување на усогласеноста со законските барања;
  • Можност за пласирање на производите на нови пазари;
  • Зголемување на репутацијата на организацијата;
  • Намалување на трошоците со намалувањето на појавата на неусогласености.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ISO 22000

ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната. Со инкорпорација на барањата од ISO 9001 и HACCP принципите, ISO 22000 им овозможува на организациите кои се учесници во ланецот на исхрана да ја докажат способноста да ги контролираат опасностите за безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, сѐ до моментот на конзумација

ПРИДОБИВКИ

  • Контрола во сите фази на производството на храна, елиминирајќи ги ризиците за конзументите;
  • Зголемување на довербата и задоволството кај купувачите;
  • Намалување на трошоците со намалувањето на појавата на несуогласености;
  • Зголемување на репутацијата на организацијата;
  • Поголема усогласеност со законските барања;
  • Овозможува платформа за управување, контрола и подобрување на процесите;
  • Компетитивна предност на пазарот.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ