HACCP

HACCP овозможува ефективни и едноставни решенија за најчесто комплицираните проблеми поврзани со безбедноста на храната.

Дознај повеќе

HACCP Имплементација

Дефинирајте ги вашите потреби

Веќе го направивте првиот чекор.
Го избравте HACCP.

HACCP Codex Alimentarius овозможува систематски пристап за воспоставување на систем за управување со безбедноста на храната. Преку анализа на опасностите и поставување на критични контролни точки, им овозможува на сите организации кои се учесници во ланецот на исхрана да ги контролираат биолошките, хемиските и физичките опасности од одгледувањето и набавката, сѐ до производството, дистрибуцијата и конзумацијата на храната.

СМЕНИ ГО СТАНДАРДОТ

ISO 9001

ISO 9001 е меѓународен стандард за системите за управување со квалитет издаден од ISO организацијата.

Стандардот им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат.

Дознај повеќе

ISO 14001

ISO 14001 ги поставува критериумите за ефикасен систем за управување со животната средина.

Првпат објавен во 1996 година, а последен пат ревидиран во 2015, им овозможува на организациите систематски пристап кон управување со влијанијата врз животната средина од нивните процеси производи и услуги.

 

Дознај повеќе

ISO 45001

ISO 45001 претставува меѓународно прифатен британски стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со здравјето и безбедноста при работа.

Стандардот им овозможува на организациите рамка за поставување на политики, процедури и контроли за ефикасно справување со ризиците по здравјето и безбедноста на луѓето при вршењето на работните процеси.

Дознај повеќе

ISO 22000

ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната.

Со инкорпорација на барањата од ISO 9001 и HACCP принципите, ISO 22000 им овозможува на организациите кои се учесници во ланецот на исхрана да ја докажат способноста да ги контролираат опасностите за безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, сѐ до моментот на конзумација.

Дознај повеќе

Сами извршете ја имплементацијата

Вие најдобро ги знаете потребите на вашата организација.

Доколку се одлучите за оваа опција, потребни ви се значително време и ресурси, адекватно познавање на системите за управување и голема решителност за да го постигнете тоа. Најголем дел од организациите не се одлучуваат за тоа самите да ја извршат имплементацијата бидејќи никогаш не можат да бидат сигурни дека истата ќе биде соодветно изведена и на крајот ќе резултира со успешна сертификација.

Најчесто поставувани прашања

Пакет за имплементација

Одберете најлесен и најефикасен начин на имплементација на HACCP.

Документацијата во пакетот која ќе ја преземете е целосна, лесно прилагодлива за вашите потреби, практична за употреба и успешно докажана низ досегашните извршени имплементации. Покрај документацијата која ќе ја преземете, исто така добивате систем за поддршка од наша страна која ќе ве следи во секој чекор низ процесот на имплементација на системот.

Погледни ги пакетите

Ангажирајте еден од нашите консултанти

Одберете стручни лица кои ќе Ви помогнат да ја постигнете целта.

Оваа опција наменета за големи организации или пак за оние кои не можат да одвојат доволно време и ресурси за самите да ја извршат имплементацијата со помош на пакетот за имплементација. Нашите консултанти поседуваат сертификати за водечки имплементатори и аудитори за стандардите кои Ви се Вам потребни и со тоа гарантираме професионална и брза имплементација, како и успешна сертификација.

Побарај понуда

ПРЕД СЕРТИФИКАЦИСКА ПРОВЕРКА

Пред-сертификациската проверка е процес кој е од исклучително значење кој се одвива по извршувањето на имплементацијата.

Во овој процес се врши комплетна проверка на целокупната документација на системот, како и неговото функционирање во рамките на организацијата, се со цел да се осигури успешна сертификација.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг врши пред-сертификациска проверка на имплементираните системи за управување со цел да се валидира имплементацијата на системот. Оваа проверка е од исклучително значење за организациите бидејќи со изведување на истата се евалуира успешноста на системот за управување и сите негови елементи пред сертификацискиот аудит. Оптимално време за извршување на пред-сертификациската проверка е 1-2 недели пред закажаниот сертификациски аудит. Оваа временска рамка е зададена за да може организацијата навремено да се справи со потенцијалните неусогласености со барањата на стандардот кои би биле воочени.

При проверката се разгледува целокупната документација на системот и нејзината инкорпорација во соодветните процеси на системот за управување.

ИСО Консалтинг на своите клиенти им нуди повеќе опции за изведување на пред-сертификациската проверка.

 

Побарај понуда за пред сертификациска проверка

СЕРТИФИКАЦИЈА

Втората фаза од процесот за стекнување на ISO 9001 сертификат е сертификацијата од страна на акредитирано сертификациско тело.

ИСО Консалтинг соработува со многубројни меѓународни сертификациски тела и може да ви помогне при избор на најдобрата понуда за сертификација на вашата организација.

ИЗБЕРИ НАЧИН

Сертификациско тело е организација која е акредитирана од овластено акредитациско тело за нејзината способност да врши аудити и издава сертификати кои укажуваат на примената на барањата на одреден стандард (ISO, OHSAS, HACCP и др.). Акредитацијата докажува дека сертификациските тела се оценети според одредени стандарди со цел да се демонстрира нивната компетентност, непристрасност и способност. Сертификација на системот за управување се врши преку сертификациски аудит од страна на водечки аудитори од сертификациското тело. При аудитот се врши проверка на усогласеноста на системот со барањата на стандардот и се оценува ефективноста на сите компоненти од системот, со што се докажува дека системот за управување е соодветно имплементиран и функционира во рамките на организацијата. По успешното изведување на сертификацискиот аудит, аудиторот изготвува извештај и дава препорака за издавање на сертификат кон сертификациското тело. Неколку дена откако сертификациското тело ќе ги добие извештајот и препораката од аудиторот, организацијата се стекнува со сертификатот за стандардот кој ѝ е потребен. Сертификатите кои организациите ги добиваат се со важност од три години, по што сертификациското тело врши ресертификациски аудит за продолжување на важноста на сертификатот.

Побарај понуда за сертификација

ОДРЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ

Една од најголемите придобивки на ISO стандардите е постојаното подобрување.

Со навремено и соодветно управување на процесите на имплементираниот систем, организациите можат постојано да го подобруваат имплементираниот систем, како и целокупното работење на организацијата.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг им нуди на своите клиенти поддршка (услуги) за одржување и подобрување на системите за управување.Одржувањето и подобрувањето на системите за управување се од исклучително значење за организациите кое има за цел да ги подобрува и ажурира системите како што тие се развиваат и подобруваат.

Со користење на услугите за одржување и подобрување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди ја осигурувате успешноста на надзорните аудити од страна на сертификациското тело и да ги уживате придобивките кои стандардите ги нудат.

Услугите за подобрување и одржување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди вклучуваат:

Управување и развивање на процесите во организацијата
Управување и ажурирање на документацијата на системот
Темелна анализа на ризиците и можностите во организацијата
Навремено идентификување и управување со неусогласеностите
Причинско-последични анализи на отстранување на аномалиите при работењето
Изведување на интерни аудити на системот за управување
Постојано подобрување на системот

Побарај понуда за одржување

Што е HACCP?

HACCP Codex Alimentarius овозможува систематски пристап за воспоставување на систем за управување со безбедноста на храната. Преку анализа на опасностите и поставување на критични контролни точки, им овозможува на сите организации кои се учесници во ланецот на исхрана да ги контролираат биолошките, хемиските и физичките опасности од одгледувањето и набавката, се до производството, дистрибуцијата и конзумацијата на храната.
HACCP системот е првпат применет во 60-тите години на минатиот век од страна на вселенската агенција NASA со цел да се осигури за безбедноста на храната за астронаутите. Оттогаш тој постојано се развива и денес многу држави во светот го имаат прифатено како задолжителен за производителите на прехранбени продукти.

Последната верзија на HACCP Codex Alimentarius е од 1997 година и се заснова на седумте HACCP принципи:
1.    Анализа на опасности
2.    Идентификација на критични контролни точки
3.    Воспоставување на критични граници за сите контролни точки
4.    Мониторинг на критичните контролни точки
5.    Воспоставување корективни мерки
6.    Воспоставување процедури за верификација
7.    Имплементација на процедури за управување со документацијата на системот
HACCP овозможува ефективни и едноставни решенија за најчесто комплицираните проблеми поврзани со безбедноста на храната.

Структура

HACCP овозможува ефективни и едноставни решенија за најчесто комплицираните проблеми поврзани со безбедноста на храната. Барањата за HACCP системот се поделени во пет поглавја. Првите четири се воведни, додека петтиот ги детализира барањата и е поделен во 12 дела:

5.1 Одговорност на раководството

Раководството на организацијата го определува HACCP тимот кој ќе раководи со системот за управување со безбедноста на храната и одговорностите и надлежностите на членовите од тимот. Откако ќе се определи HACCP тимот, се дефинира политиката за безбедност на храна и се определува опсегот на системот. Раководството е должно да ги обезбеди сите ресурси потребни за развивање, имплементација и одржување на системот и да врши преиспитувања на системот на определени временски интервали.

5.2 Информации за производот

Поставени се барањата за начинот на вршење на целосен опис на производот и неговите спецификации, како и начинот на употреба на истиот.

5.3 Информации за процесите

Овој дел ги опишува барањата за изработка на дијаграми на тек во кои ќе бидат вклучени сите фази на реализацијата на производот, од влезот на суровините до доставата до купувачите. HACCP тимот врши активности за контрола и верификација на процесите опишани во дијаграмите на тек.

5.4 Предусловна програма

Предусловната програма е збир на процедури, вклучувајќи ги Добрата Производна Пракса (GMP) и Добрата Хигиенска Пракса (GHP) на кои се темели HACCP Codex Alimentarius. Преку предусловната програма се поставени барањата за хигиена на вработените; хигиена и санитација на производни и помошни простории, контрола на штетници и многу други фактори кои се од клучно значење за ефикасноста на системот за управување со безбедност на храна.

5.5 Анализа на опасности

Преку анализата на опасности се идентификуваат сите потенцијални опасности кои произлегуваат од секоја фаза на производството на храна , се анализираат и се одредува нивото на ризик за секоја од нив.

5.6 Контролни мерки

Овој дел ги пропишува барањата за воспоставување на генерални и специфични контролни мерки т.е. поставувањето на контролни точки и критични контролни точки во согласност со извршената анализа на опасности.

5.7 Параметри и критични граници

Параметри и критични граници се воспоставуваат за секоја критична контролна точка и истите постојано се контролираат при процесот на производство. Поставените параметри и критични граници се валидираат со цел да се обезбеди ефективноста на системот за управување со безбедност на храна.

5.8 Мониторинг и мерење

Во овој дел се поставуваат критериумите за мониторинг и мерење за сите контролни точки и критични контролни точки. Организацијата треба да воспостави систем за ефективна и ефикасна контрола во контролните точки.

5.9 Корективни мерки

Корективни мерки се одредуваат за со цел да се осигури контролата во секоја критична контролна точка. Корективните мерки можат да вклучуваат отповикување, преработка и уништување на готовите производи.

5.10 Валидација

Барањата за валидација се од клучно значење за системот за управување со безбедноста на храната. Таа се врши со цел да се добијат објективни докази  за ефективноста на HACCP планот.

5.11 Верификација

Организацијата треба да воспостави, имплементира и документира процедури за верификација на системот за управување со безбедноста на храната. Целта на верификацијата е да ја оцени усогласеноста со барањата на HACCP Codex Alimentarius и да потврди дека системот функционира ефективно преку методите, процедурите, тестирањето и другите активности за евалуација.

5.12 Документација и записи

Ефективното и точното водење и архивирање на документацијата на системот за управување со безбедност на храна е барање од исклучителна важност во HACCP Codex Alimentarius.

Придобивки

Придобивките од ефикасна имплементација, одржување и постојано управување на систем за управување со безбедност на храна во согласност со барањата на стандардот се:

•    Минимизирање на ризиците поврзани со безбедноста на прехранбените производи.
•    Ефективно следење на процесите во организацијата.

•    Зголемување на довербата кај клиентите.
•    Зголемување на усогласеноста со законските барања.
•    Можност за пласирање на производите на нови пазари.
•    Зголемување на репутацијата на организацијата.
•    Намалување на трошоците со намалувањето на појавата на неусогласености.

Пакет HACCP

Пакетот за имплементација е моментално во изработка.

Пакетот за имплементација е моментално во изработка.

Пакетот за имплементација е моментално во изработка.

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Заинтересирани сте само за одредени процедури?

ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со квалитет. Организациите го користат овој стандард за го докажат квалитетот во нивното работење и да ја демонстрираат способноста постојано да овозможуваат производи и услуги кои се усогласени со барањата на клиентите.

  • Процесни информации.
  • Предусловна програма.
  • Анализа на опасности.
  • Контролни мерки.
  • Параметри и критични граници.
  • Валидација.

ВИДИ ЦЕЛОСНА ЛИСТА

Имате специфично барање?

Сакате понуда за воведување стандарди во Вашата фирма?

Сакате понуда за обука за стандарди во Вашата фирма?

Кликнете и пополнете го нашиот формулар и ќе бидете контактирани од страна на нашите менаџери.

ФОРМУЛАР