ISO 14001:2015

ISO 14001 им овозможува на организациите систематски пристап кон управување со влијанијата врз животната средина од нивните процеси производи и услуги.

Дознај повеќе

ISO 14001 Имплементација

Дефинирајте ги вашите потреби

Веќе го направивте првиот чекор.
Го избравте ИСО 14001.

ISO 14001 ги поставува критериумите за ефикасен систем за управување со животната средина. Првпат објавен во 1996 година, а последен пат ревидиран во 2015 година, им овозможува на организациите систематски пристап кон управување со влијанијата врз животната средина од нивните процеси производи и услуги.

Тој им овозможува на организациите преку системот за управување со животната средина да ги идентификуваат аспектите и да ги контролираат влијанијата врз животната средина кои произлегуваат од нивното работење. ISO 14001 е применуван од страна на голем број на организации од различни сектори кои ги идентификуваат негативните влијанија врз животната средина и преземаат мерки за нејзина заштита.

СМЕНИ ГО СТАНДАРДОТ

ISO 9001

ISO 9001 е меѓународен стандард за системите за управување со квалитет издаден од ISO организацијата.

Стандардот им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат.

 

Дознај повеќе

ISO 45001

ISO 45001 претставува меѓународно прифатен британски стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со здравјето и безбедноста при работа.

Стандардот им овозможува на организациите рамка за поставување на политики, процедури и контроли за ефикасно справување со ризиците по здравјето и безбедноста на луѓето при вршењето на работните процеси.

Дознај повеќе

HACCP

HACCP Codex Alimentarius овозможува систематски пристап за воспоставување на систем за управување со безбедноста на храната.

Преку анализа на опасностите и поставување на критични контролни точки, им овозможува на сите организации кои се учесници во ланецот на исхрана да ги контролираат биолошките, хемиските и физичките опасности од одгледувањето и набавката, сѐ до производството, дистрибуцијата и конзумацијата на храната.

Дознај повеќе

ISO 22000

ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната.

Со инкорпорација на барањата од ISO 9001 и HACCP принципите, ISO 22000 им овозможува на организациите кои се учесници во ланецот на исхрана да ја докажат способноста да ги контролираат опасностите за безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, сѐ до моментот на конзумација

Дознај повеќе

Сами извршете ја имплементацијата

Вие најдобро ги знаете потребите на вашата организација.

Доколку се одлучите за оваа опција, потребни ви се значително време и ресурси, адекватно познавање на системите за управување и голема решителност за да го постигнете тоа. Најголем дел од организациите не се одлучуваат за тоа самите да ја извршат имплементацијата бидејќи никогаш не можат да бидат сигурни дека истата ќе биде соодветно изведена и на крајот ќе резултира со успешна сертификација.

Најчесто поставувани прашања

Пакет за имплементација

Одберете најлесен и најефикасен начин на имплементација на ISO 14001:2015.

Документацијата во пакетот која ќе ја преземете е целосна, лесно прилагодлива за вашите потреби, практична за употреба и успешно докажана низ досегашните извршени имплементации. Покрај документацијата која ќе ја преземете, исто така добивате систем за поддршка од наша страна која ќе ве следи во секој чекор низ процесот на имплементација на системот.

Погледни ги пакетите

Ангажирајте еден од нашите консултанти

Одберете стручни лица кои ќе Ви помогнат да ја постигнете целта.

Оваа опција наменета за големи организации или пак за оние кои не можат да одвојат доволно време и ресурси за самите да ја извршат имплементацијата со помош на пакетот за имплементација.

Нашите консултанти поседуваат сертификати за водечки имплементатори и аудитори за стандардите кои Ви се Вам потребни и со тоа гарантираме професионална и ефикасна имплементација, како и успешна сертификација.

Побарај понуда

ПРЕД СЕРТИФИКАЦИСКА ПРОВЕРКА

Пред-сертификациската проверка е процес кој е од исклучително значење кој се одвива по извршувањето на имплементацијата.

Во овој процес се врши комплетна проверка на целокупната документација на системот, како и неговото функционирање во рамките на организацијата, сѐ со цел да се осигури успешна сертификација.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг врши пред-сертификациска проверка на имплементираните системи за управување со цел да се валидира имплементацијата на системот. Оваа проверка е од исклучително значење за организациите бидејќи со изведување на истата се евалуира успешноста на системот за управување и сите негови елементи пред сертификацискиот аудит. Оптимално време за извршување на пред-сертификациската проверка е 1-2 недели пред закажаниот сертификациски аудит. Оваа временска рамка е зададена за да може организацијата навремено да се справи со потенцијалните неусогласености со барањата на стандардот кои би биле воочени.

При проверката се разгледува целокупната документација на системот и нејзината инкорпорација во соодветните процеси на системот за управување.

ИСО Консалтинг на своите клиенти им нуди повеќе опции за изведување на пред-сертификациската проверка.

СЕРТИФИКАЦИЈА

Втората фаза од процесот за стекнување на ISO 9001 сертификат е сертификацијата од страна на акредитирано сертификациско тело.

ИСО Консалтинг соработува со многубројни меѓународни сертификациски тела и може да ви помогне при избор на најдобрата понуда за сертификација на вашата организација.

ИЗБЕРИ НАЧИН

Сертификациско тело е организација која е акредитирана од овластено акредитациско тело за нејзината способност да врши аудити и издава сертификати кои укажуваат на примената на барањата на одреден стандард (ISO, OHSAS, HACCP и др.). Акредитацијата докажува дека сертификациските тела се оценети според одредени стандарди со цел да се демонстрира нивната компетентност, непристрасност и способност. Сертификација на системот за управување се врши преку сертификациски аудит од страна на водечки аудитори од сертификациското тело. При аудитот се врши проверка на усогласеноста на системот со барањата на стандардот и се оценува ефективноста на сите компоненти од системот, со што се докажува дека системот за управување е соодветно имплементиран и функционира во рамките на организацијата. По успешното изведување на сертификацискиот аудит, аудиторот изготвува извештај и дава препорака за издавање на сертификат кон сертификациското тело. Неколку дена откако сертификациското тело ќе ги добие извештајот и препораката од аудиторот, организацијата се стекнува со сертификатот за стандардот кој ѝ е потребен. Сертификатите кои организациите ги добиваат се со важност од три години, по што сертификациското тело врши ресертификациски аудит за продолжување на важноста на сертификатот.

Побарај понуда за сертификација

ОДРЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ

Една од најголемите придобивки на ISO стандардите е постојаното подобрување.
Со навремено и соодветно управување на процесите на имплементираниот систем, организациите можат постојано да го подобруваат имплементираниот систем, како и целокупното работење на организацијата.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг им нуди на своите клиенти поддршка (услуги) за одржување и подобрување на системите за управување.Одржувањето и подобрувањето на системите за управување се од исклучително значење за организациите кое има за цел да ги подобрува и ажурира системите како што тие се развиваат и подобруваат.

Со користење на услугите за одржување и подобрување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди ја осигурувате успешноста на надзорните аудити од страна на сертификациското тело и да ги уживате придобивките кои стандардите ги нудат.

Услугите за подобрување и одржување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди вклучуваат:

  •  Управување и развивање на процесите во организацијата
  • Управување и ажурирање на документацијата на системот
  • Темелна анализа на ризиците и можностите во организацијата
  • Навремено идентификување и управување со неусогласеностите
  • Причинско-последични анализи на отстранување на аномалиите при работењето
  • Изведување на интерни аудити на системот за управување
  • Постојано подобрување на системотПобарај понуда за одржување

Што е ISO 14001?

Меѓународниот стандард ISO 14001 ги поставува барањата за системите за управување со животната средина. Тој им овозможува на организациите преку системот за управување со животната средина да ги идентификуваат аспектите и контролираат влијанијата врз животната средина кои произлегуваат од нивното работење. ISO 14001 е применуван од страна на голем број на организации од различни сектори кои ги идентификуваат негативните влијанија врз животната средина и преземаат мерки за нејзина заштита.

Првпат објавен во 1996 година, а последен пат ревидиран во 2015, ISO 14001 е имплементиран од страна на повеќе од 400000 организации во светот од најразлични сектори во индустријата.

Грижата за животната средина и спречувањето на негативните влијанија врз истата се големи предизвици за организациите. Една од најголемите придобивки за организациите од имплементацијата на систем за управување со животната средина е признанието кое доаѓа, дека тие се организации кои водат сметка за белегот кој го оставаат врз животната средина. Системот за управување со животната средина се состои од политики, процеси, планови, практики и документирани информации кои ги дефинираат интеракциите помеѓу организацијата и животната средина. Секој систем за управување со животната средина е уникатен, секоја организација различно влијае врз животната средина и постојат различни законски барања кои треба да бидат земени предвид.

Структура

ISO 14001:2015 е структуриран во 10 дела од кои првите три се воведни, а останатите ги опишуваат барањата за системот за управување со животната средина. Тие се:

4. Контекст на организацијата

Со определување на интерните и екстерните фактори кои влијаат на животната средина и ефективноста на системот за управување со животната средина, како и барањата на заинтересираните страни поврзани со животната средина, организацијата ги идентификува сите влијанија со кои системот треба да управува.

5. Раководство

Во овој дел стандардот ги поставува барањата за посветеност на раководството, политиката за животна средина, како и за улогите во системот за управување со животната средина и нивните одговорности и надлежности.

6. Планирање

Планирањето во ISO 14001 се состои од: активности за управување со ризиците и можностите и цели за животната средина. Организацијата ги определува аспектите и влијанијата врз животната средина, како и законските барања за процесите и производите поврзани со животната средина, и на основа на истите планира и имплементира активности за управување со ризиците и можностите. Се воспоставуваат мерливи цели за животната средина и планови за нивно реализирање.

7. Поддршка

Овој дел се однесува на позадинските процеси во системот за управување со животната средина, како што се ресурсите, компетенциите, свеста, комуникацијата и документацијата која го поддржува системот.

8. Операции

Делот операции се однесува на инкорпорирањето на системот за управување со животната средина во работењето на организацијата. Поставени се барањата за планирање и контрола на операциите од аспект на животната средина и барањата за подготвеност и одговор при итни и вонредни ситуации кои влијаат врз животната средина (пожари, загадувања и сл.)

9. Евалуација на перформансите

Определени се барањата за мониторинг, мерење, анализа и евалуација во системот за управување со животната средина, преиспитувањето на законските барања, како и барањата за изведување на интерни аудити и преиспитувања од страна  на раководството.

10. Подобрување

Последниот дел од стандардот ги определува барањата за неусогласености и корективни мерки, како и постојаното подобрување на системот за управување со животната средина.

Придобивки

ISO 14001:2015 им овозможува на организациите холистички пристап кон идентификувањето, управувањето, надгледувањето и контролата на влијанијата врз животната средина. Најважните придобивки од овој стандард се:
•    пронаоѓање на начини за заштеда со придавање поголемо значење на управувањето со ресурсите, отпадот и енергијата;
•    развој на корпоративниот имиџ и кредибилитет;
•    зголемен мониторинг и контрола на влијанијата кои процесите во организацијата ги имаат врз животната средина;

•    постигнување на стратешките бизнис цели со инкорпорирање на прашањата поврзани со животната средина во управувањето со организацијата;
•    подобрување на компетитивната и финансиска предност преку зголемена ефикасност и намалување на трошоците;
•    зголемување на усогласеноста со законските барања за животната средина и потенцијално помалку надзорни посети од регулаторните тела;
•    поголем пристап кон нови партнери и потенцијални клиенти.

Пакет 14001:2015

Полесен и поисплатлив пат до ISO 14001 имплементација

Со нашиот ISO 14001:2015 пакет за имплементација, можете брзо самите да го имплементирате стандардот во вашата организација. Процесот е лесен за следење и низ целиот процес ќе ја имате нашата поддршка.

Пакетот вклучува

Пакет за имплементација, Упатство за користење, Прашалник за ГАП Анализа, Презентација за запознавање со ISO 14001:2015 (.ppt)

Вклучена документација

57 документирани информации, од кои 26 процедури и 31 записи.

Формат

MS Office

Јазик на документацијата

Македонски јазик

Дали е можно вршење промени во документите?

Да. Сите документи се подложни на промени.

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Добредојдовте во Е-КНИЖАРАТА на ИСО Консалтинг

Е-Книжарата ви овозможува да ги пронајдете сите информации кои ви се потребни за запознавање со менаџнамент системите. Покрај поединечните информации, тука ќе пронајдете и материјали со едукативна содржина, сè со цел да можете да го надградите вашиот професионален развој.

Следете нè

ВИДИ ЦЕЛОСНА ЛИСТА

Имате специфично барање?

Сакате понуда за воведување стандарди во Вашата фирма?

Сакате понуда за обука за стандарди во Вашата фирма?

Кликнете и пополнете го нашиот формулар и ќе бидете контактирани од страна на нашите менаџери.

ФОРМУЛАР