ISO 9001:2015

ISO 9001 во Македонија е применлив за сите организации и им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат.

Дознај повеќе

ISO 9001 Имплементација

Дефинирајте ги вашите потреби

Веќе го направивте првиот чекор.
Го избравте ИСО 9001.

ISO 9001 е меѓународен стандард за системите за управување со квалитет издаден од ISO организацијата. Последната ревизија на стандардот беше извршена во 2015 година и оттогаш стандардот се нарекува ISO 9001:2015. Стандардот им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат. ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со квалитет. Организациите го користат овој стандард за го докажат квалитетот во нивното работење и да ја демонстрираат способноста постојано да овозможуваат производи и услуги кои се усогласени со барањата на клиентите. ISO 9001 е најкористениот стандард во светот, со повеќе од еден милион организации од 160 земји кои го имаат имплементирано.

СМЕНИ ГО СТАНДАРДОТ

ISO 14001

Ги поставува критериумите за ефикасен систем за управување со животната средина.

ISO 14001 првпат е бјавен во 1996 година, а последен пат ревидиран во 2015, им овозможува на организациите систематски пристап кон управување со влијанијата врз животната средина од нивните процеси производи и услуги.

 

Дознај повеќе

ISO 45001

ISO 45001 претставува меѓународно прифатен британски стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со здравјето и безбедноста при работа.

Стандардот им овозможува на организациите рамка за поставување на политики, процедури и контроли за ефикасно справување со ризиците по здравјето и безбедноста на луѓето при вршењето на работните процеси.

Дознај повеќе

HACCP

HACCP Codex Alimentarius овозможува систематски пристап за воспоставување на систем за управување со безбедноста на храната.

Преку анализа на опасностите и поставување на критични контролни точки, им овозможува на сите организации кои се учесници во ланецот на исхрана да ги контролираат биолошките, хемиските и физичките опасности од одгледувањето и набавката, се до производството, дистрибуцијата и конзумацијата на храната.

Дознај повеќе

ISO 22000

ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната.

Со инкорпорација на барањата од ISO 9001 и HACCP принципите, ISO 22000 им овозможува на организациите кои се учесници во ланецот на исхрана да ја докажат способноста да ги контролираат опасностите за безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, сѐ до моментот на конзумација

Дознај повеќе

Сами извршете ја имплементацијата

Вие најдобро ги знаете потребите на вашата организација.

Доколку се одлучите за оваа опција, потребни ви се значително време и ресурси, адекватно познавање на системите за управување и голема решителност за да го постигнете тоа. Најголем дел од организациите не се одлучуваат за тоа самите да ја извршат имплементацијата бидејќи никогаш не можат да бидат сигурни дека истата ќе биде соодветно изведена и на крајот ќе резултира со успешна сертификација.

Најчесто поставувани прашања

Пакет за имплементација

Одберете најлесен и најефикасен начин на имплементација на ISO 9001:2015.

Документацијата во пакетот која ќе ја преземете е целосна, лесно прилагодлива за вашите потреби, практична за употреба и успешно докажана низ досегашните извршени имплементации. Покрај документацијата која ќе ја преземете, исто така добивате систем за поддршка од наша страна која ќе ве следи во секој чекор низ процесот на имплементација на системот.

Погледни ги пакетите

Ангажирајте еден од нашите консултанти

Одберете стручни лица кои ќе Ви помогнат да ја постигнете целта.

Оваа опција наменета за големи организации или пак за оние кои не можат да одвојат доволно време и ресурси за самите да ја извршат имплементацијата со помош на пакетот за имплементација. Нашите консултанти поседуваат сертификати за водечки имплементатори и аудитори за стандардите кои Ви се Вам потребни и со тоа гарантираме професионална и брза имплементација, како и успешна сертификација.

Побарај понуда

ПРЕД СЕРТИФИКАЦИСКА ПРОВЕРКА

Пред-сертификациската проверка е процес кој е од исклучително значење кој се одвива по извршувањето на имплементацијата.

Во овој процес се врши комплетна проверка на целокупната документација на системот, како и неговото функционирање во рамките на организацијата, се со цел да се осигури успешна сертификација.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг врши пред-сертификациска проверка на имплементираните системи за управување со цел да се валидира имплементацијата на системот. Оваа проверка е од исклучително значење за организациите бидејќи со изведување на истата се евалуира успешноста на системот за управување и сите негови елементи пред сертификацискиот аудит. Оптимално време за извршување на пред-сертификациската проверка е 1-2 недели пред закажаниот сертификациски аудит. Оваа временска рамка е зададена за да може организацијата навремено да се справи со потенцијалните неусогласености со барањата на стандардот кои би биле воочени.

При проверката се разгледува целокупната документација на системот и нејзината инкорпорација во соодветните процеси на системот за управување.

ИСО Консалтинг на своите клиенти им нуди повеќе опции за изведување на пред-сертификациската проверка.

 

Побарај понуда за пред сертификациска проверка

СЕРТИФИКАЦИЈА

Втората фаза од процесот за стекнување на ISO 9001 сертификат е сертификацијата од страна на акредитирано сертификациско тело.

ИСО Консалтинг соработува со многубројни меѓународни сертификациски тела и може да ви помогне при избор на најдобрата понуда за сертификација на вашата организација.

ИЗБЕРИ НАЧИН

Сертификациско тело е организација која е акредитирана од овластено акредитациско тело за нејзината способност да врши аудити и издава сертификати кои укажуваат на примената на барањата на одреден стандард (ISO, OHSAS, HACCP и др.). Акредитацијата докажува дека сертификациските тела се оценети според одредени стандарди со цел да се демонстрира нивната компетентност, непристрасност и способност. Сертификација на системот за управување се врши преку сертификациски аудит од страна на водечки аудитори од сертификациското тело. При аудитот се врши проверка на усогласеноста на системот со барањата на стандардот и се оценува ефективноста на сите компоненти од системот, со што се докажува дека системот за управување е соодветно имплементиран и функционира во рамките на организацијата. По успешното изведување на сертификацискиот аудит, аудиторот изготвува извештај и дава препорака за издавање на сертификат кон сертификациското тело. Неколку дена откако сертификациското тело ќе ги добие извештајот и препораката од аудиторот, организацијата се стекнува со сертификатот за стандардот кој ѝ е потребен. Сертификатите кои организациите ги добиваат се со важност од три години, по што сертификациското тело врши ресертификациски аудит за продолжување на важноста на сертификатот.

Побарај понуда за сертификација

ОДРЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ

Една од најголемите придобивки на ISO стандардите е постојаното подобрување.

Со навремено и соодветно управување на процесите на имплементираниот систем, организациите можат постојано да го подобруваат имплементираниот систем, како и целокупното работење на организацијата.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ИСО Консалтинг им нуди на своите клиенти поддршка (услуги) за одржување и подобрување на системите за управување.Одржувањето и подобрувањето на системите за управување се од исклучително значење за организациите кое има за цел да ги подобрува и ажурира системите како што тие се развиваат и подобруваат.

Со користење на услугите за одржување и подобрување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди ја осигурувате успешноста на надзорните аудити од страна на сертификациското тело и да ги уживате придобивките кои стандардите ги нудат.

Услугите за подобрување и одржување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди вклучуваат:

Управување и развивање на процесите во организацијата
Управување и ажурирање на документацијата на системот
Темелна анализа на ризиците и можностите во организацијата
Навремено идентификување и управување со неусогласеностите
Причинско-последични анализи на отстранување на аномалиите при работењето
Изведување на интерни аудити на системот за управување
Постојано подобрување на системот

Побарај понуда за одржување

Што е ISO 9001?

ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со квалитет. Организациите го користат овој стандард за го докажат квалитетот во нивното работење и да ја демонстрираат способноста постојано да овозможуваат производи и услуги кои се усогласени со барањата на клиентите. . ISO 9001 е применлив за сите организации, без разлика на нивната големина и индустријата во која спаѓаат и им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат. ISO 9001 е издаден од страна на ISO организацијата (International organization of standardization) во 1987 година, а последната ревизија на стандардот е извршена во 2015 година и оттогаш тековниот е ISO 9001:2015.

ISO 9001 е најкористениот стандард во светот, со повеќе од еден милион организации од 160 земји кои имаат имплементирано систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот. Системот за управување со квалитет, или СУК, претставува збир на политики, процеси и документирани информации кои ги прикажуваат интерните правила според кои организацијата дејствува, се со цел да овозможува производи и услуги на купувачите кои одговараат на нивните барања. Системот за управување со квалитет е различен за секоја организација, а ISO 9001 овозможува насоки за сите релевантни елементи преку кои организацијата ја обезбедува успешноста на СУК. Дополнително, постојат и други стандарди од ISO 9000 фамилијата кои служат за поддршка при имплементацијата на барањата од ISO 9001. ISO 9000 ги опишува термините и принципите кои се користат во ISO 9001, а ISO 9004 овозможува насоки за успешно развивање и подобрување на системот за управување со квалитет.

Структура

Структурата на ISO 9001:2015 е поделена во 10 дела.
Првите три се воведни, а останатите седум ги опишуваат барањата за системот за управување со квалитет и се следните:

4. Контекст на организацијата

Овој дел се однесува на разбирањето на целта на организацијата, системот за управување и заинтересираните страни. Преку идентификација на интерните и екстерните фактори кои влијаат на организацијата и очекувањата и потребите на релавантните заинтересирани страни, се определува опсегот на организацијата и се поставува основата за системот за управување со квалитет.

5. Раководство

Се поставуваат барањата за посветеност на раководството, фокусот кон купувачите, политиката за квалитет, одговорностите и надлежностите во организацијата.

6. Планирање

Преку планирањето организацијата ги утврдува и имплементира активностите за управување со ризиците и можностите, ги воспоставува целите за квалитетот и плановите за нивна реализација.

7. Поддршка

Делот поддршка ги опишува барањата за помошните процеси во организацијата. Тука се вклучени ресурсите (луѓето, инфраструктурата, работната средина, мерната опрема, организациското знаење), компетенциите, свеста, комуникацијата (интерна и екстерна) и документираните информации кои ги поддржуваат процесите.

8. Операции

Овој дел се однесува на целокупната реализација на производите и услугите во организацијата. Утврдени се барањата од планирањето и контролата на процесите; дизајнот и развојот на производите и услугите; контролата на надворешните снабдувачи, контролата на неусогласените производи и услуги, се до пуштањето во употреба на производите и услугите, доставата и активностите по доставата.

9 Евалуација на перформансите

Поставени се барањата за мониторинг, мерење, анализа и евалуација во системот за управување со квалитет, како и барањата за изведување на интерни аудити и преиспитувања од страна на раководството.

10. Подобрување

Подобрувањето ги покрива барањата за неусогласености и корективни мерки, како и постојаното подобрување кое произлегува од секој успешен систем за управување со квалитет.

Придобивки

Придобивките од ISO 9001 се широко препознаени, организации од различни големини и индустрии го користат стандардот за подобрување на процесите и намалување на трошоците. Дел од придобивките од ISO 9001 се:

  • Добро дефиниран и документиран систем за управување со процесите во организацијата
  • Постојана следливост на излезните елементи од процесите.
  • Мерливо управување со квалитетот под постојан надзор.
  • Со корективните мерки кои се имплементираат секогаш кога ќе се појави неусогласеност, бројот на неусогласени производи и услуги во организацијата се намалува.
  • Ефикасно управување со ризиците и можностите во организацијата.
  • Лесно пронаоѓање и идентификување на практиките кои се неважечки или неефикасни.
  • Документираните информации кои произлегуваат од стандардот се едноставни за употреба со што новите вработени во организацијата брзо и лесно се прилагодуваат на работната средина.
  • Пристап до нови пазари, одредени пазари наложуваат поседување на ISO 9001 сертификат, додека пак други ги преферираат организациите кои го поседуваат.
  • Намален број на поплаки од клиентите и грешки при работата.
  • Зголемување на приходите од продажбата.

Пакет ISO 9001:2015

Полесен и поисплатлив пат до ISO 9001 имплементација

Со нашиот ISO 9001:2015 пакет за имплементација, можете брзо самите да го имплементирате стандардот во вашата организација. Процесот е лесен за следење и низ целиот процес ќе ја имате нашата поддршка.

Пакетот вклучува

Пакет за имплементација, Упатство за користење, Прашалник за ГАП Анализа, Презентација за запознавање со ISO 9001:2015 (.ppt)

Вклучена документација

92 документирани информации, од кои 25 процедури и 67 записи.

Формат

MS Office

Јазик на документацијата

Македонски јазик

Дали е можно вршење промени во документите?

Да. Сите документи се подложни на промени.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Добредојдовте во Е-КНИЖАРАТА на ИСО Консалтинг

Е-Книжарата ви овозможува да ги пронајдете сите информации кои ви се потребни за запознавање со менаџнамент системите. Покрај поединечните информации, тука ќе пронајдете и материјали со едукативна содржина, сè со цел да можете да го надградите вашиот професионален развој.

Следете нè

ВИДИ ЦЕЛОСНА ЛИСТА

Имате специфично барање?

Сакате понуда за воведување стандарди во Вашата фирма?

Сакате понуда за обука за стандарди во Вашата фирма?

Кликнете и пополнете го нашиот формулар и ќе бидете контактирани од страна на нашите менаџери.

ФОРМУЛАР