ISO 22000:2005
ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, сѐ до моментот на конзумација.
ISO 22000 Имплементација
Дефинирајте ги вашите потреби
Веќе го направивте првиот чекор.
Го избравте ИСО 22000.
ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната. Со инкорпорација на барањата од ISO 9001 и HACCP принципите, ISO 22000 им овозможува на организациите кои се учесници во ланецот на исхрана да ја докажат способноста да ги контролираат опасностите за безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, сѐ до моментот на конзумација.
СМЕНИ ГО СТАНДАРДОТ
ISO 9001
ISO 9001 е меѓународен стандард за системите за управување со квалитет издаден од ISO организацијата.
Стандардот им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат.
ISO 14001
ISO 14001 ги поставува критериумите за ефикасен систем за управување со животната средина.
Првпат објавен во 1996 година, а последен пат ревидиран во 2015, им овозможува на организациите систематски пристап кон управување со влијанијата врз животната средина од нивните процеси производи и услуги.
ISO 45001
ISO 45001 претставува меѓународно прифатен британски стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со здравјето и безбедноста при работа.
Стандардот им овозможува на организациите рамка за поставување на политики, процедури и контроли за ефикасно справување со ризиците по здравјето и безбедноста на луѓето при вршењето на работните процеси.
HACCP
HACCP Codex Alimentarius овозможува систематски пристап за воспоставување на систем за управување со безбедноста на храната.
Преку анализа на опасностите и поставување на критични контролни точки, им овозможува на сите организации кои се учесници во ланецот на исхрана да ги контролираат биолошките, хемиските и физичките опасности од одгледувањето и набавката, сѐ до производството, дистрибуцијата и конзумацијата на храната.

ШТО Е СЛЕДНО?
За да можете да се стекнете со сертификатот за управување со безбедност на храна според ISO 22000 потребно е да ги исполните барањата од системот, тоа може да го направите на еден од предложените начини.
ИЗБЕРИ НАЧИНСами извршете ја имплементацијата
Вие најдобро ги знаете потребите на вашата организација.
Доколку се одлучите за оваа опција, потребни ви се значително време и ресурси, адекватно познавање на системите за управување и голема решителност за да го постигнете тоа. Најголем дел од организациите не се одлучуваат за тоа самите да ја извршат имплементацијата бидејќи никогаш не можат да бидат сигурни дека истата ќе биде соодветно изведена и на крајот ќе резултира со успешна сертификација.
Пакет за имплементација
Одберете најлесен и најефикасен начин на имплементација на ISO 22000:2005.
Документацијата во пакетот која ќе ја преземете е целосна, лесно прилагодлива за вашите потреби, практична за употреба и успешно докажана низ досегашните извршени имплементации. Покрај документацијата која ќе ја преземете, исто така добивате систем за поддршка од наша страна која ќе ве следи во секој чекор низ процесот на имплементација на системот.
Ангажирајте еден од нашите консултанти
Одберете стручни лица кои ќе Ви помогнат да ја постигнете целта.
Оваа опција наменета за големи организации или пак за оние кои не можат да одвојат доволно време и ресурси за самите да ја извршат имплементацијата со помош на пакетот за имплементација. Нашите консултанти поседуваат сертификати за водечки имплементатори и аудитори за стандардите кои Ви се Вам потребни и со тоа гарантираме професионална и брза имплементација, како и успешна сертификација.
ПРЕД СЕРТИФИКАЦИСКА ПРОВЕРКА
Пред-сертификациската проверка е процес кој е од исклучително значење кој се одвива по извршувањето на имплементацијата.
Во овој процес се врши комплетна проверка на целокупната документација на системот, како и неговото функционирање во рамките на организацијата, се со цел да се осигури успешна сертификација.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
ИСО Консалтинг врши пред-сертификациска проверка на имплементираните системи за управување со цел да се валидира имплементацијата на системот. Оваа проверка е од исклучително значење за организациите бидејќи со изведување на истата се евалуира успешноста на системот за управување и сите негови елементи пред сертификацискиот аудит. Оптимално време за извршување на пред-сертификациската проверка е 1-2 недели пред закажаниот сертификациски аудит. Оваа временска рамка е зададена за да може организацијата навремено да се справи со потенцијалните неусогласености со барањата на стандардот кои би биле воочени.
При проверката се разгледува целокупната документација на системот и нејзината инкорпорација во соодветните процеси на системот за управување.
ИСО Консалтинг на своите клиенти им нуди повеќе опции за изведување на пред-сертификациската проверка.

СЕРТИФИКАЦИЈА
Втората фаза од процесот за стекнување на ISO 22000:2005 сертификат е сертификацијата од страна на акредитирано сертификациско тело.
ИСО Консалтинг соработува со многубројни меѓународни сертификациски тела и може да ви помогне при избор на најдобрата понуда за сертификација на вашата организација.
ИЗБЕРИ НАЧИНСертификациско тело е организација која е акредитирана од овластено акредитациско тело за нејзината способност да врши аудити и издава сертификати кои укажуваат на примената на барањата на одреден стандард (ISO, OHSAS, HACCP и др.). Акредитацијата докажува дека сертификациските тела се оценети според одредени стандарди со цел да се демонстрира нивната компетентност, непристрасност и способност. Сертификација на системот за управување се врши преку сертификациски аудит од страна на водечки аудитори од сертификациското тело. При аудитот се врши проверка на усогласеноста на системот со барањата на стандардот и се оценува ефективноста на сите компоненти од системот, со што се докажува дека системот за управување е соодветно имплементиран и функционира во рамките на организацијата. По успешното изведување на сертификацискиот аудит, аудиторот изготвува извештај и дава препорака за издавање на сертификат кон сертификациското тело. Неколку дена откако сертификациското тело ќе ги добие извештајот и препораката од аудиторот, организацијата се стекнува со сертификатот за стандардот кој ѝ е потребен. Сертификатите кои организациите ги добиваат се со важност од три години, по што сертификациското тело врши ресертификациски аудит за продолжување на важноста на сертификатот.
ОДРЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ
Една од најголемите придобивки на ISO стандардите е постојаното подобрување. Со навремено и соодветно управување на процесите на имплементираниот систем, организациите можат постојано да го подобруваат имплементираниот систем, како и целокупното работење на организацијата.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
ИСО Консалтинг им нуди на своите клиенти поддршка (услуги) за одржување и подобрување на системите за управување.Одржувањето и подобрувањето на системите за управување се од исклучително значење за организациите кое има за цел да ги подобрува и ажурира системите како што тие се развиваат и подобруваат.
Со користење на услугите за одржување и подобрување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди ја осигурувате успешноста на надзорните аудити од страна на сертификациското тело и да ги уживате придобивките кои стандардите ги нудат.
Услугите за подобрување и одржување на системите за управување кои ИСО Консалтинг ги нуди вклучуваат:
- Управување и развивање на процесите во организацијата
- Управување и ажурирање на документацијата на системот
- Темелна анализа на ризиците и можностите во организацијата
- Навремено идентификување и управување со неусогласеностите
- Причинско-последични анализи на отстранување на аномалиите при работењето
- Изведување на интерни аудити на системот за управување
- Постојано подобрување на системот.Побарај понуда за одржување
Што е ISO 22000?
ISO 22000:2005 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со безбедноста на храната. Со интегрирање на барањата од ISO 9001 и HACCP принципите, ISO 22000:2005 им овозможува на организациите кои се учесници во ланецот на исхрана да ја докажат способноста да ги контролираат опасностите за безбедноста на храната во секоја фаза од нејзиното производство, сѐ до моментот на конзумација.
ISO 22000 е објавен во 2005 година од страна на Меѓународната организација за стандардизација и ги поставува барањата за системите за управување со безбедност на храна кои вклучуваат четири елементи:
• интерактивна комуникација;
• систем за управување;
• контрола на процесите;
• предусловна програма;
• HACCP принципи.
Структура
Стандардот е структириран во осум делови од кои првите три се воведни, а во останатите пет се опфатени сите барања за системот за управување со безбедност на храна. Тие се:
4. Систем за управување со безбедност на храна
Во овој дел се пропишани општите барања за системот за управување со безбедност на храната, одредувањето на опсегот на системот, како и барањата за документите и записите кои произлегуваат од истиот.
5. Одговорност на раководството
Раководството на организацијата го определува тимот за безбедност на храна кој ќе раководи со системот за управување со безбедноста на храната и одговорностите и надлежностите на членовите од тимот. Се назначува и лидер на тимот кој ќе ги координира членовите на тимот. Откако ќе се определи тимот за управување со безбедноста на храната, се дефинира политиката за безбедност на храна и се започнува со планирање на системот. Одговорност на раководството е да воспостави процедури за интерна и екстерна комуникација како и процедури за подготвеност и одговор при итни и вонредни ситуации кои може да имаат влијание врз безбедноста на храната. Раководството е должно да ги обезбеди сите ресурси потребни за развивање, имплементација и одржување на системот и да врши преиспитувања на системот на определени временски интервали.
6. Управување со ресурсите
Овозможувањето на ресурси за соодветно функционирање на системот за управување со безбедност на храната е барање од исклучително значење во ISO 22000:2005. Раководството на организацијата треба да обезбеди адекватни човечки ресурси, инфраструктура и средина во која се одвиваат процесите за реализацијата на производите.
7. Планирање и реализација на безбедни производи
Овој дел од стандардот ги пропишува барањата кои произлегуваат од HACCP принципите, кои се: предусловна програма, определување на карактеристиките на суровините и финалниот производ, предвидената употреба на производот, дијаграми на тек во кои ќе бидат опфатени сите процеси при реализацијата на производот, анализа на опасности, HACCP план, идентификација и мониторинг на контролни точки и критични контролни точки, параметри и критични граници за сите критични контролни точки, систем за следливост на производите, идентификација и контрола на неусогласеностите, корекции и корективни мерки.
8. Валидација, верификација и подобрување на системот за управување со безбедност на храна
Во последниот дел од стандардот се поставени барањата за валидација на контролните мерки во системот, изведување на интерен аудит, како и постојаното подобрување и ажурирање на системот за управување со безбедност на храната.
Придобивки
Имплементацијата на ISO 22000:2005 резултира со ефикасен и робустен систем за управување со безбедноста на храната за организацијата и потенцијален пристап до нови пазари за пласирање на производите. Придобивките од овој стандард се:
- Контрола во сите фази на производството на храна, елиминирајќи ги ризиците за конзументите.
- Зголемување на довербата и задоволството кај купувачите.
- Намалување на трошоците со намалувањето на појавата на несуогласености.
- Зголемување на репутацијата на организацијата.
- Поголема усогласеност со законските барања.
- Овозможува платформа за управување, контрола и подобрување на процесите.
- Компетитивна предност на пазарот.
Пакет ISO 22000:2005

Пакетот за имплементација е моментално во изработка.
Пакетот за имплементација е моментално во изработка.
Заинтересирани сте само за одредени процедури?
ISO 22000 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со квалитет. Организациите го користат овој стандард за го докажат квалитетот во нивното работење и да ја демонстрираат способноста постојано да овозможуваат производи и услуги кои се усогласени со барањата на клиентите.
- Проценка на опасност.
- Воспоставување на HACCP план.
- Систем на следливост.
- Контрола на неусогласености.
- Справување со неусогласен производ.
- Постојано подобрување
Имате специфично барање?
Сакате понуда за воведување стандарди во Вашата фирма?
Сакате понуда за обука за стандарди во Вашата фирма?
Кликнете и пополнете го нашиот формулар и ќе бидете контактирани од страна на нашите менаџери.
ФОРМУЛАР