"Quality means doing it right when no one is looking" - Henry Ford

За нас

ИСО Консалтинг ДООЕЛ претставува консултантска куќа, чија основна дејност е имплементација на барањата од системите за управување според ISO стандардите. Покрај, основната дејност, ние вршиме обуки за имплементатори и аудитори, наменети за средниот менаџмент, како и за сите поединци кои имаат желба да се стекнат со знаење и искуство во рамките на консултантството од оваа област.
Преку нашата соработка со повеќе сертификациски тела им помагаме на клиентите да го направат најсоодветниот избор.
ИСО Консалтинг преку својот начин на работа овозможува да обединиме професионални консултанти од најразлични области, сѐ со цел да ја добијат најдобрите услуги воедно и вредноста од системите за управување.

Нашата Визија е да им помогнеме на организациите да го искачат следното скалило при управувањето на процесите.
Нашата Мисија е преку посветеност и разбирање на потребите на клиентите со користење на професионални кадри, напредни технологии и оптимизирање на процесите да им обезбеди највисока вредност на услугите.

ИСО Консалтинг ДООЕЛ е основана 2012 година.