Меѓународните стандарди создаваат чувство на доверба и сигурност кај потрошувачите.
Сертификацијата со ISO стандард може да биде одлична за е-трговците полесно да се пробијат на меѓународниот, па дури и на глобалниот пазар. Со помош на ISO-сертификација овие компании ни покажуваат како да ги усогласиме нашите производи/услуги со оние на глобалниот пазар со меѓународните стандарди.
За клиентите, овој стандард е гаранција дека организацијата нуди квалитетни услуги или производи.Сертификацијата ISO 9001 ја потврдува посветеноста на организацијата за обезбедување квалитет, конзистентност и автентичност. Подолу наведуваме неколку придобвки од Исо стандардите за е-трговците:
Задоволство на клиентите
Довербата на клиентите се зголемува бидејќи стандардизацијата обезбедува постојан квалитет на производите. Стандардизацијата им овозможува на клиентите да бидат проактивни во изборот на компаниите и изборот на квалитетни производи и услуги. Ја илустрира способноста на организацијата постојано да испорачува висококвалитетни услуги и производи преку ефективен деловен систем кој овозможува проверки и рамнотежи во текот на целиот процес, со цел да се избегнат ризиците и да се зголеми задоволството на клиентите.
Задоволството на клиентите е витален елемент на ISO 9001. Овој стандард не само што се фокусира на зголемување на продажбата и квалитетот, туку се фокусира на оценки и feedback од клиентите, со цел вашата организација постојано да ги разбира своите клиенти, нивните потреби и желби, како и сите промени што треба да се направат за тоа да биде возможно. Со овој процес на организациите им се овозможува да го подобрат квалитетот на услугите што ги обезбедуваат.
Постепено, организацијата ќе генерира високо ниво на задоволство на клиентите, бидејќи со текот на времето, се прават помалку грешки, а конзистентноста се подобрува. Оттука, ISO сертификацијата може да го зголеми задоволството на клиентите и да дозволи вашиот бизнис да расте, создавајќи систем на препораки и постојани задоволни клиенти.
Бренд и репутација
Секогаш кога која било компанија добива ISO сертификат, истата станува добро позната по својот бренд на пазарот. Како што се обезбедуваат квалитетот, автентичноста и конзистентноста на услугите или производите, името на брендот и видливоста на пазарот се зголемуваат.
Името на брендот и репутацијата играат важна улога во тоа да бидете препознаени на пазарот. Преку ISO сертификатот, секој мал или среден бизнис може да добие поголема видливост и да се зголеми неговиот квалитет.
Меѓународен бизнис
Стандардите му овозможуваат на вашиот бизнис пристап до нови пазари. Со Исо стандардите може полесно да конкурирате и добивате тендери, да се придружите на веќе започнати проекти и да добиете предност пред својата конкуренција.
Стандардизацијата им овозможува на локалните сопственици на бизнис со е-трговија да влезат на глобалните пазари. Со влегувањето на меѓународниот пазар, имате помали шанси да бидете прва опција за многу клиенти кои не се запознаени со вашиот бренд. Способноста да се пофалите со меѓународно признат сертификат за квалитет како ISO 9001 може да им даде на вашите потенцијални клиенти доверба во вашиот производ и неговата корисност. Сите ние сме имале едно или многу искуства да нарачаме нешто online, а производот што го добивате не е ништо како што очекувавте. Тоа ќе ја уништи репутацијата на вашиот бизнис во очите на тој потрошувач и потенцијално кај многу други, поради раскажувањето на својата приказна на неговите блиски и познаници. Со денешното ниво на достапност на информации со една објава на социјалните мрежи може да се привлече огромен број на публика. Ова значи дека една лоша рецензија може да биде кобна за вашата организација. Усовршувањето на вашиот систем користејќи меѓународни стандарди може да ви обезбеди постојано да правите квалитетни производи кои што се исти како оние на сликите на вашата веб страна, со што ќе го намалите тој ризик.
Со постојано остварлив квалитет и задоволство на клиентите, се зголемува бројот на  вашите клиенти, што го проширува бизнисот и го зголемува целокупниот профит. Ова може да биде огромен чекор, бидејќи влегувањето на меѓународниот пазар ќе создаде имиџ на бренд за вашиот бизнис на глобално ниво, меѓу големите компании. Ќе можете да се натпреварувате на глобалниот пазар што ќе го однесе вашиот бизнис до нови височини.
Обезбедува онлајн безбедност
Исто како што SSL сертификатот за регистрација на вашата веб-страна е доказ дека вашата страна е безбедна за користење, ISO сертификатот ја покажува вашата посветеност кон безбедноста при користење на вашите услуги/производи. Сопственоста, корисничките ингеренции, употребата и прикажувањето на кои било ISO сертификат се контролирани со упатствата на телото за сертификација што го издало истиот. Со тоа многу лесно ќе ја  потврдите автентичноста на сертификатот. Ова е важно бидејќи неакредитираната потврда не е валидна.
Организациите кои имаат интерес да ги заштитат своите информации безбедни онлајн, исто така, може да истражуваат сертификати како ISO 27001 за да го зачуваат интегритетот и доверливоста на информациите на нивните клиенти. ISO 27001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барањата за систем за управување со безбедноста на информациите. Овој стандард се стреми да се воспостават доволно безбедносни контроли во рамките на сертифицираните организации.
Сертификацијата помага да се имплементира систем за управување со безбедноста на информациите што им овозможува на организациите да стекнат конкурентна предност на пазарот, да спречат сајбер закани за клиентите и да ги задоволат барањата на синџирот на снабдување.На кратко, шансите за online продажби се поголеми кај портали за е-трговија со повисоки безбедносни стандарди.
Зголемување на приходите
Штом вашиот бизнис за е-трговија ќе биде ISO сертифициран, се добива сертификат за квалитет кој може да се промовира со цел да се зголемат нарачките поради квалитетот на вашиот продукт. Следствено, ISO сертификатите ги зголемуваат вашите продажби и приходи.
Клиентите сакаат да купуваат од веродостојни веб страни. ISO сертификацијата ги подготви организациите да преземат чекори за разбирање и намалување на ризиците, како и да работат на конзистентност во квалитетот, автентичноста и интегритетот. Ова и овозможува на организацијата да работи непречено и да се фокусира на задоволување на своите клиенти. Овој пристап ќе им помогне на клиентите да се чувствуваат посигурно и како резултат на тоа повеќе потрошувачи ќе дојдат да купуваат од вашата онлајн продавница.
Движењето на стоки, логистика и синџири на снабдување го прават тргувањето лесно и безбедно кога организацијата има унифициран, конзистентен пристап заснован на процеси, вкоренет во меѓународно признат стандард како ISO. Тоа е одличен начин да и помогнете на вашата компанија да го разбере вашиот бизнис и нејзините обврски, да ги покаже вашите достигнувања преку сертификати и да освоите зделки преку оваа конкурентна предност.
За повеќе инфо од овој карактер, продолжете да не читате и понатаму.
До следно читање!