Сертификатот ISO 9001:2015 е најбараниот и еден од најкористените ISO стандарди. Се повеќе и повеќе компании на глобално ниво почнуваат да го користат овој тип на стандарди со цел да го подобрат квалитетот на крајниот продукт или услуга. Во различни  сектори и организации во Македонија, системот за управување со квалитет е од голема корист и има значајни примени.

Размислување и дејствувањето засновано врз ризик е релативно нов сегмент на сертификатот ISO 9001:2015, поради потребата од превенција која базирана на ризик и е задолжителна компонента во стратегијата на секоја организација.

Имплементацијата на системот за управивање на квалитет со пристапот кој е заснован врз ризикот им овозможува на организациите  да превземат акција пред да се појави било каква грешка во системот, и со тоа да се донесат подобри стратешки одлуки.

Главната цел на системот на управување со квалитет е да ги рационализира деловните операции во исто време да го намали ризикот во организацијата. Усогласеноста со стандардот ISO 9001:2015 бара од бизнисот да ги исполни бараните стандарди за квалитет, како и да го намали ризикот поврзан со компанијата.

Чекори во пристапот заснован на ризик

Пристапот заснован на ризик ги опфаќа следните области

Идентификување на ризиците и можностите

Планирање на активности за справување со ризиците

Имплементација на системот за управување со квалитет

Идентификување на ризици и можности

Делови кои недостасуваат во една компанија може да прераснат во ризик во иднина, па затоа анализата на овие делови во голема мера придонесува кон идентификување на ризиците кои се поврзани со системот на организацијата.Во оваа фаза ризикот може да се категоризира во различни делови:

Прашања кои ќе влијаат на организациската култура, знаење и перформанси

Функции кои влијаат на испораката на производи и услуги

Усогласеност за добавувачите и надворешните продавачи

Организациите мора периодично да ги проверуваат деловните системи за да ги евидентираат пропустите. Доколку се идентификува каква било неусогласеност од упатствата ISO 9001, се превземаат одредени корективни мерки. Периодично се прави проценка на ризикот и можностите кои може да ви дадат соодветни насоки за вашите стратешки планови.  Се подготвува листа за проверка која ќе помогне да се спроведе проценката на ризикот на вистински начин.

За непречено функционирање на операциите, организацијата мора да се прилагоди на новиот модул на размислување базирано врз ризик.

Планирање на активности за справување со ризиците

Проценката на ризикот помага во планирањето на активностите за ефективно справување со ризикот. Најдобрите практики на ISO помагаат да се избегне ризикот и исто така да се елиминира изворот на ризикот. Констатација е дека главен начин за планирање на активности за справување со ризици е всушност рана детекција на изворот пред тој да стане вистински ризик за работењето на компанијата.

Со адекватен план за активности за справување со ризиците се добиваат:

Подобро донесување на одлуки

Зголемена на ефикасност

Подобро предвидување и оптимизирање на расположливите средства

Развој на позитивна организациска култура

Согласно на ова, секоја компанија е должна истиот план за избегнување на ризиците да го приспособи согласно принципите на Iso стандарди, со цел побрзо, поефикасно и поефективно имплементирање на планот за справување со ризици.

Имплементирање на системот за управување со квалитет

ISO 9001 ги специфицира основните барања за систем за управување со квалитет што организацијата мора да ги исполни за да ја демонстрира својата способност постојано да обезбедува производи (кои вклучуваат услуги) кои го зголемуваат задоволството на клиентите и ги задоволуваат применливите законски и регулативни барања.

Согласно на ова, се спроведува анализа на грешките и недостатоците за да се идентификуваат слабостите во сегашниот систем за управување со квалитетот.

Тука компанијата е должна да ги употреби најдобрите ISO практики во организацискиот систем. Подобрувањата направени на системот мора да се евидентираат правилно. Системот QMS ќе и овозможи на организацијата успешно да ги рационализира своите деловни операции.

Со успешна примена на најдобрите практики на ISO стандардот, се зголемува профитабилноста на бизнисот со избегнување на неочекувани ризици, се забрзува деловното работење и растот на бизнисот.

За крај, Ви порачуваме да продолжите да не читате, бидејќи ние сме тука за да и помогнеме на Вашата организација да го искачи следното скалило при управување на процесите.

До следно читање !

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.