Со имплементација на HACCP вашата организација успешно ќе управува со безбедноста на храната. Системот е дизајниран за препознавање, оценување и контролирање на опасностите што можат да се појават во производството на храна.
- Преку него организацијата ќе ги идентификува ризиците кои што може да влијаат на квалитетот на храната,
- Организациите ќе воспостават критични контролни точки се со цел да се елиминираат ризиците кои што можат да влијаат на квалитетот на храната
- Организациите ќе воспостават систем за следливост што ќе им помогне при евентуални неусогласености и проблеми во производството.
Ова е само еден дел од придобивките од системот за HACCP.