Често поставувани
прашања
ИСО Консалтинг на своите партнери им нуди целосна поддршка пред, за време и по звршување на процесот на сертификација. Ако некои од прашањата кои ги имате не се наоѓа на листава, слободно побарајте бесплатна консултација.
Документите ќе ги добиете во електронска форма, а доколку е потребно и во печатена варијанта.
При имплементација на системите за управување, нашиот тим ќе ги имплементира сите потребни документи кои ги побарува стандардот, плус оние кои ќе ви го подобрат работењето.
Да, кога ќе се ревидира стандардот ние ќе ги ажурираме нашите пакети за имплементација и ќе ви испратиме бесплатна надградба. Нашата политика е да ги испратиме сите надградби на клиентите кои извршиле купување во последните 12 месеци.
Да – стручен тим, искусен за барањата на сертификациските тела, учествуваше во развојот на документацијата.
Во моментов документацијата е достапна само на македонски јазик.
Сертификатите важат 3 години, и е потребно да се вршат ресертификациски проверки еднаш годишно.
Не. Некои организации одбираат да ги имплеметираат принципите на ISO 9001 бидејќи е интернационално препознаен начин за водење на вашиот бизнис. Доколку немате потреба од приложување на сертификат тогаш може да имплеметирате ISO стандард, но да не се сертифицирате.
ДА. Доколку компанијата работи легално во државата и најми консултанти за имплементација и сертификациско тело кои ќе ги изведат имплементацијата и сертификацијата на ISO стандардите кои се потребни, тогаш ниедна компанија не е исклучена од имплементирање и стекнување со сертификат.
HACCP, или Hazard Analysis Critical Control Point system, е систем за контрола на процеси кој ги идентификува потенцијалните опасности кои может да произлезат при производство на храна и поставува стратешки контроли кои го превентираат нивното случување. Со строго следење и контролирање на секој чекор на процесот, се намалува веројатноста на опасности кои можат да се случат.
Важноста на HACCP е во тоа што тој ги приоритизира и контролира потенцијалните опасности при производство на храна. Со контрола на најголемите опасности од храна, како што се микробиолошките, хемислите и физичките контаминенти, индустријата може подобро да ги осигури конзументите дека нејзините производи се сигурни. Со намалувањата на опасностите од не соодветна храна, се зајакнува заштитата на јавното здравје.
Да. HACCP принципите се прифатени низ целиот свет, особено во Европа, Америка, Азија и Австралија. Сѐ повеќе, HACCP станува главна карактеристика припроцсот на увоз/извоз. Е препознаен од земјите како најдобар метод за управување со безбедност на храна.
Сите организации кои се вклучени во ланецот на снабдување со храна, вклучително и организации кои учествуваат во:
- Производство на храна
- Состојки за храна
- Адитиви за храна
- Транспорт на храна
- Пакување на храна
- Подажба на храна (големо/малопродажба)
- Служење на готова храна (кафулиња, ресторани и продавници)
- Производство на опрема за произдоство на храна
Проверете кои организации поседуваат сертификати преку регистарот за ISO стандарди.