Ние сме тим кој е спремен да работи за вашиот бизнис да расте

ИСО Консалтинг ДООЕЛ е основана 2012 година. Ние сме консултантска куќа, чија основна дејност е имплементација на барањата од системите за управување според ISO стандардите.

Покрај, основната дејност, ние вршиме обуки за имплементатори и аудитори, наменети за средниот менаџмент, како и за сите поединци кои имаат желба да се стекнат со знаење и искуство во рамките на консултантството од оваа област. Преку нашата соработка со повеќе сертификациски тела им помагаме на клиентите да го направат најсоодветниот избор.

ИСО Консалтинг преку својот начин на работа овозможува да се обединат професионални консултанти од најразлични области, сѐ со цел да ги добиете најдобрите услуги, а воедно и вредноста од системите за управување.

Ги потковуваме Вашите лидери со Стратегија и Визија!

Тимот на ИСО Консалтинг ќе ви помогне успешно да ги менаџирате производствените процеси, да ги поставите параметрите за квалитет, да ги следите таргетите и да управувате со  неусогласените производи.

Тимот на ИСО Консалтинг ќе ви помогне да ја подобрите продажбата, да поставите систем за очекувањата на вашите клиенти и нивните потреби и ќе ви помогнеме да го намалите бројот на рекламации, со што ќе добиете задоволни клиенти спремни да ја продолжат соработката со вашата компанија.

ИСО Консалтинг на своите клиенти им овозможува неприкината корисничка поддршка за сите прашања и предизвици кои би произлегле од работењето со ИСО системите за управување.

ИСО Консалтинг ви стои на располагање во секое време доколку имате било какви прашања или ви се потребни дополнителни информации за системите за управување.

Team work discussion

150%

Успех на раст

Нашата ефикасност и успех се мерливи. Ангажирајте нè и самите ќе се уверите во тоа!

#1

Во областа на стандардите

Секогаш сме во тек со сите новини во областа на имплементација на стандардите во работењето.

115+

Задоволни клиенти

Клиентите зборауваат за нас. Распрашајте се и тие ќе потврдат колку сме придонеле за нивниот раст и развој.

We boost our clients to get more sales

Го оптимизираме потенцијалот за раст на нашите клиенти.

Ние ги следиме исполнувањата на целите на организациите во однос на системите за управување, нудиме решенија за неусогласеностите кои се појавуваат при работењето и го следиме целокупниот напредок на организациите каде што ИСО стандаридте имаат улога.

ИСО Стандарди

ISO 45001
Систем за управување со безбедност и здравје при работа.

ISO 22000
Систем за управување со безбедност на храната при производство.

ISO 9001
Систем за управување со квалитетот на производите и работењето.

ISO 14001
Систем за управување со аспектите на животната средина.

HACCP
Систем за управување со општата безбедност на храната.

Нашата Визија е да им помогнеме на организациите да го искачат следното скалило при управувањето на процесите.

Ние сме вистински партнери

Основани во 2012 година, стекнавме доволно големо искуство како да им помогнеме на компаниите брзо и лесно да ги имплементираат потребните стандарди. Во текот на годините успешно им помогнавме на голем број компании како да ги импелементираат ИСО стандардите, пребродувајќи ги предизвиците со кои се соочуваа:

  • Кратки рокови
  • Недостаток на човечки ресурси
  • Одржување и унапредување на системите за управување
  • Избор на најдобра понуда за сертификација

Придружни процеси

Освен имплементацијата на стандардите, тимот на ИСО Консалтинг ќе ви помогне и во одржување на процесите и документацијата, ќе ве обучиме успешно да организирате интерни аудити и ќе ве подготвиме лесно и без пречки да ги поминете надворешните аудити, сè со цел да се стекнете со посакуваните сертификати.

Кои сè услуги ги нудиме?

“Aiming for the development of our company, we decided to be accredited ISO 9001 and 14001, version 2015. Our chance was that we have contacted Vancho from the company ISO Consulting. And then, all this work went very smoothly.
We recommend without doubt ISO Consulting and Vancho Apostolski if you need to be certified according ISO standards in North Macedonia.”

Olivier Désévédavy

Експерт за имплементација на системот ISO 9001/14001

Ајде да растеме заедно!

info@isoconsulting.mk
078 42 32 27