Задоволните клиенти се темел на секоја успешна компанија.
Задоволството на клиентите е важно за компаниите на кое било ниво и во која било индустрија, од едноставна причина што клиентите го одржуваат растот и равојот на компанијата. За да бидете успешни во светот на бизнисот, мора рано да се воспостави база на лојални клиенти.
Ова се постигнува со задоволување на потребите на клиентите, со што ќе се максимизира профитот и ќе се намалат трошоците на долг рок.
ISO 9001 обезбедува конкретни насоки за тоа како да се одржуваат овие стандарди за да се продолжи да се задоволуваат клиентите и да се подобри внатрешната работа на компанијата на редовна основа.