Системот за управување со околина е уникатен за секоја компанија – се состои од уникатен микс од политики, процеси, планови и практики кои ги дефинираат правилата за  интеракција со животната средина. Секоја компнија го прилагодува системот да одговара на нејзините специфични деловни процеси и крајни цели. Ова е точката каде стандардот ISO 14001 се покажува како навистина корисен – на компаниите им дава рамка и начела за креирање на систем кој ќе ги содржи важните елементи (на пример полиси) за успешно управување со животната средина

Една од најголемите придобивки од имплементација на систем за управување со животната средина е зголемениот кредибилитет и конкурентност кои доаѓаат преку грижа за поголемата слика односно животната средина. Ова е многу важно во создавање на репутацијата на компанијата и како таа е перцепирана од околината. Следствено на ова, зголемената репутација води до подобри односи со јавноста, клиентите и општеството во целина.

Останатите придобивки вклучуваат:

  • пронаоѓање на начини за заштеда со придавање поголемо значење на управувањето со ресурсите, отпадот и енергијата.
  • постигнување на стратешките бизнис цели со инкорпорирање на прашањата поврзани со животната средина во управувањето со организацијата
  • зголемување на усогласеноста со законските барања за животната средина и потенцијално помалку надзорни посети од регулаторните тела
  • поголем пристап кон нови партнери и потенцијални клиенти.

Важно е да се напомене дека во изминатиов период, овој и останатите ISO стандарди се земаат како критериум при јавните набавки. Ова значи дека доколку Вашата компанија аплицира за тендер, поседувањето на ISO стандардите ќе биде од бенефит бидејќи се дава поголемо значење на компаниите кои работат по светските стандарди за животна средина.

Како до имплементација на ISO 14001?

Откако ќе дефинирате дека ова е стандардот кој ви е потребен, потребно е да ги исполните барањата од системот, а тоа можете да го направите на еден од трите начини: да ја извршите имплементацијата сами, да одберете пакет за имплементација или пак да ангажирате некој од нашите консултанти. Нашите консултанти поседуваат сертификати за водечки имплементатори и аудитори за стандардите кои Ви се Вам потребни и со тоа гарантираме професионална и ефикасна имплементација, како и успешна сертификација.

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.