Во хаотична средина како глобалниот пазар неизбежно е да се воспостават стандарди при работењето, за сите процеси да функционираат усогласено. Во спротивно, би било тешко да се одржи конзистентност и квалитет во разните индустрии. Она што помага да се одржи едно рамномерно ниво се меѓународните стандарди, а името на организацијата која ги поставува е ISO (International Organization for Standardization).

Што се ISO стандарди?

Во секоја компанија воспоставени се разни процеси, политики и системи на квалитет. Со цел финалниот производ или услуга да бидат испорачани со конзистентен квалитет кои ќе ги исполни потребите на потрошувачите, потребна е синергија помеѓу сите тие ставки.

ISO сертификацијата потврдува дека системот за управување, процесот на производство, услугата или процедурата за документирање ги исполнува сите барања за стандардизација и обезбедување на квалитет.

Од гледиште на потрошувачката, еднаш исполнети, овие стандарди значат дека потрошувачите можат да имаат доверба во безбедноста и квалитетот на производите што ги купуваат. ISO стандардите пропишани за безбедност во сообраќајот, безбедност кај играчките за деца или пак безбедно медицинско пакување се само неколку од оние кои помагаат светот да биде  побезбедно место за живеење.

Во корпоративната средина, ISO стандардите се важен идикатор за квалитетот на една компанија, па често се земаат како критериум за утврдување на успешноста на работата при аплицирање за јавни набавки, создавање стратешки партнерства со странски компании и обезбедување на доверба кај потрошувачите.

Како што веќе споменавме, ISO стандардите постојат во многу области на индустријата: од управување со енергијата и социјална одговорност до медицински уреди. Секое сертифицирање има посебни стандарди и критериуми и се класифицира нумерички.

Најпознатиот и најраспространетиот ISO стандард е ISO 9001, кој ги дефинира критериумите за исполнување на голем број принципи при менаџмент на квалитетот. Ова им помага на деловните субјекти и организации да бидат поефикасни во својата работа и да го подобрат задоволството на клиентите.

Како основа за другите меѓународни стандарди, ISO 9001 меѓу другото овозможува добро дефиниран и документиран систем за управување со процесите во организацијата, постојана следливост на излезните елементи од процесите и мерливо управување со квалитет под постојан надзор.

За крај, Ви порачуваме да продолжите да не читате, бидејќи ние сме тука за да и помогнеме на Вашата организација да го искачи следното скалило при управување на процесите. До следно читање!

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.