Кога нештата не функционираат како што би требало, значи дека недостасуваат стандарди. Во секој аспект од нашето живеење, стандардите се потребни за да креираме пофункционално општество и квалитетна животна средина. Кога станува збор за бизнис светот, стандардите кои креираат раст и ги носат овие резултати, наречени се ISO стандарди. Денес, повеќе од било кога, имплементирани се во огромен број компании независно од нивната големина.

;Зошто да ја вброите вашта компанија во оваа целина?

Постојат неколку добри причини зошто треба да ги имплементирате ISO стандардите во 2020 година:

  • Намалени трошоци преку подобрени системи и процедури
  • Намалување на штетните влијанија врз животната средина и преку тоа олеснет пристап до нови пазари
  • Зголемување на кредибилитетот и конкурентноста
  • Зголемена мотивација на вработените и усогласеност со законските барања за здравје и безбедност при работа.

Имплементирањето на ISO стандардите на  организациите им го дава знаењето потребно за да ги усогласат сите внатрешни процеси и преку тоа да функционираат на најдобар можен начин – а под тоа се подразбира задоволни клиенти, подобра контрола на трошоци и поефикасни начини на работа. Ниедна организација не смее да дозволи ракувањето со нејзините производи или користењето на нејзините услуги да доведе до проблеми како на пример незгоди при работа, прекршување на ИТ безбедност, несреќи и сл.

 

Така, на пример, имплементирањето на ISO 9001 – меѓународен стандард за системите за управување со квалитет, може да ви помогне да ги разберете сите можни ризици и да создадете ефективни стратегии за ублажување на истите. Придобивките на овој стандард кој е најкористениот во светот се широко препознаени затоа што во центарот на вниманието се ставени квалитетот и задоволството на клиентите.

Задржувањето на клиентите е од основна важност бидејќи врз основа на последните студии, придобивање на нови клиенти е дури  25 пати поскапо од задржување на постоечките. Затоа, доколку ISO 9001 не е дел од вашето работење, ве советуваме оваа година да го имплементирате и да откриете нови димензии на успех!

 

Грижата за животната средина зема сè поголем замав во работењето на светските компании, па во 2020 година овој тренд само ќе се зголеми, а компаниите кои ќе заостанат зад воведувањето на стандарди за грижа за животната средина ќе бидат перцепирани од купувачите како неодговорни и некредибилни. Поради тоа, подобрувањето или задржувањето на добриот имиџ на компанијата, заедно со градењето на доверба кај сè посвесните еко-купувачи во земјава и во странство, ќе биде еден од приоритетите на успешните компании оваа година.

 

Она што е исто така релативно ново и особено важно за сите бизниси во нашата држава е дека при јавните набавки, се врши проверка за поседување на ISO стандарди. Овој критериум за успешноста на компаниите при аплицирањето за јавни набавки сè повеќе ќе се зема во предвид при доделувањето на тендерите, па во иднина сè почесто ќе се прегледува поседувањето и успешната имплементација на ISO стандардите, наместо на критериумите како оние за најниска цена, бидејќи ќе се дава поголемо значење на компаниите кои работат според светските стандарди на квалитет, од производството, безбедноста на вработените, па сè до грижата за животната средина.

 

Затоа, ве советуваме да продолжите да се информирате и да пристапите кон имплементирање на стандардите за да вашата компанија биде уште поуспешна во новата година!

 

До следно читање.

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.