Урбанизацијата и поголемата населеност во градовите на светско ниво ја отвора потребата од дополнителни станбени објекти. Градежната индустрија е во подем на глобално ниво. Во нашата држава рапидно расте бројот на нови градби во поголемите градови со што  потребата од усогласеност со меѓународни стандарди за да објектите бидат безбедни за користење станува сѐ поизразита.

ISO стандардите во градежната индустрија можат да донесат решенија, иновации, алатки и ресурси со кои компаниите ќе ги пребродат и најголемите предизвици. Освен зголемениот кредибилитет, имплементирањето на стандардите може да помогне во комплетирање на пре-квалификациони прашалници, квалификации за тендери и зголемена усогласеност со законите на државата. Преку стандардизираните процедури за квалитет, менаџмент на енергија и процедурите специфични за градежната индустрија компаниите добиваат конкурентна предност и имаат можност да достигнат повисока ефикасност во нивните интерни процедури, како и препознатливост од страна на клиентите и добавувачите.Постојат неколку ISO стандарди од огромна важност за градежната индустрија:

Квалитет

Голем број градежни компании зависат од квалитетот на материјалите кои ги добиваат од добавувачите. Доколку инпутот е со низок квалитет, крајниот резултат ќе претрпи огромни недостатоци. ISO 9001 ќе ви помогне да управувате со вашите произведувачи на континуирана основа, осигурувајќи дека се воспоставени соодветни процеси и процедури. Преку одобрен список на добавувачи, следењето на инпутите ќе биде драстично олеснето. Овој стандард воедно ја подобрува и предвидливоста, транспарентноста и интерната комуникација, а дава и важна рамка за решавање на останати прашања – здравје и безбедност, употреба на енергија и менаџмент на капиталните средства.

Здравје и безбедност

Проценките се дека секоја година, 2.78 милиони работници умираат во незгоди при работа или медицински состојби поврзани со нивното работење. Покрај ова, 374 милиони нефатални повреди придонесуваат на поголеми економски трошоци во менаџирањето на безбедноста и здравјето. Стекнувањето на овој стандард ќе ви овозможи да ја демонстрирате успешноста на вашиот Safety Management System преку намалувањето на можни незгоди при работа и прекршувања на законодавството, како и целокупното работење на вашата организација.

Животна средина

ISO 14001 ќе ви помогне да ги квантифицирате, следите и контролирате ефектите кои вашите градежни операции ги имаат врз животната средина. Преку менаџирање на употребата на природните ресурси, енергија и отпад можете да ја подобрите вашата корпоративна слика и кредибилитет што на долг рок ќе ви помогне да придобиете нови клиенти и да идентификувате можности за кратење на трошоците.

 

Доколку размислувате за имплементација на некој од стандардите, преку нашата соработка со повеќе сертификациски тела можеме да ви помогнеме да го направите најсоодветниот избор.

Контактирајте не на  +389 78 423 227, или на vancho@isoconsulting.mk

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.