Вообичаено луѓето поставуваат многу прашања кога се одлучуваат да ги стандардизираат процесите во нивната компанија, па затоа решивме да ги одвоиме најчестите.
- Зошто да воведам ISO 9001:2008 стандард?
ISO 9001:2008 стандaрдот е битен поради неговата интернационална ориентација. До денешен ден ISO 9001:2008 стандардот е поддржан од национални тела за сертификација во повеќе од 150 земји во светот. Ова го прави логичен избор за секоја организација која сака да одржува интернационални контакти или да услужува клиенти кои се интернационално ориентирани, исто така битно е да се напомене поради неговата систематска ориентација.
Ние мислиме дека ова е најважно. Многу луѓе погрешно ги нагласуваат мотивационите фактори како најбитни во процесот на создавање на квалитетен производ. Сѐ додека не се воспостават во организацијата соодветните полиси, процедури, записи, технологии, ресурси и структури, никогаш нема да се достигнат стандардите за квалитет кои што другите организации се способни да ги достигнат. Со воспоставување на квалитетен систем за управување, ние всушност воспоставуваме атмосфера каде што кавлитетот ќе биде примарна цел, а само така може да се достигне посакуваното ниво на квалитет.
Поедноставно кажано, ако сакаме да изградиме соодветен став спрема квалитетот на производитее или услугите кои ги нудиме, мора да имаме квалитетен систем за управување. Тоа е што ISO 9001:2008 го бара и признава и поради тоа е важен.
- Колку чини имплементацијата на стандардот?
Ова претставува едно од најчесто поставуваните прашања. Во однос на ова прашање не постои едноставен одговор. Колку ќе чини имплементцијата зависи од повеќе фактори. Во зависност од колку време ќе биде потребно да се развие системот за менаџмент со квалитет, колку луѓе се вклучени во имплементацијата, како и до кој степен организацијата има развиено систем за менаџмент со квалитетот.
За конкретна проценка, може да нѐ на 078 423 227 или на е-маил : vancho@isoconsulting.mk
- Дали воведувањето на ISO 9001:2008 стандард значи и гарантиран квалитет?
ISO 9001:2008 стандардот се однесува на менаџирање на квалитетот во организацијата, (quality management system или скратено Q.M.S), што значи дека не се однесува на квалитетот на производот или услугата што ги пружа организацијата, туку на начинот на кој таа управува со процесите. Важно е да се истакне дека организациите кои работат според барањата од ISO 9001:2008, бележат намалување на производите/ услугите кои недоволно ги исполнуваат барањата за квалитет, потоа полесно ги пронаоѓаат причините за нивно појавување, а со тоа и полесно и побрзо отстранување на истите. Во таа насока Q.M.S. влијае врз квалитетот на производот или услугата.
- Кој стандард е соодветен за мојата фирма?
ISO 9001 е прилагоден на сите организации кои сакаат да го подобрат начинот на управување, без разлика на нивната големина или областа во која што работат. Освен тоа, ISO 9001:2008 е компатибилен и со другите системи за менаџмент како што се ISO 14001:2004, системот за управување за заштита на животната средина. Овие стандарди делат многу принципи и начела така што можат да се интегрираат. Целта на овој стандард е да се зголеми ефикасноста на организацијата преку примена на процесниот пристап. Дефинирањето на влезните и излезните елементи од сите процеси и дефинирањето на потребните ресурси создава почетна основа за планирање, како и се добива повратна информација за задоволството на купувачот. Со овој модел се зголемува довербата кај клиентите во врска со производот или услугата и води кон подобро позиционирање на организацијата на пазарот.
- Колку време е потребно за да се воведе ISO стандард?
Времето потребно да се имплемнтира одреден ISO стандард е исто така едно од најпоставуваните прашања, но воедно претставува и прашање на кое е тешко да се одговори прецизно, пред сѐ бидејќи тоа зависи од повеќе фактори. Како едни од главните фактори кои влијаат на времето потребно за имплементција влегуваат: големината на организацијата, расположливоста на ресурсите на организацијата, нејзината способност да се прилагоди на важните промени и да се стави во функција и одржува документацијата која ќе произлезе од имплементацијата на стандардот.
Досегашното искуство покажува дека вообичаеното време за имплементација се движи од три до девет месеци.