Како изгледа процесот за воведување на ISO 9001? Во што се состои постапката за неговото воведување? Ова често пати се прашуваат фирмите кои се заинтересирани да воведат стандард за квалитет. За таа цел, решивме подетално да го опишеме овој процес.

Најпрво, потребно е фирмата да одреди дали сами да воведете ISO 9001:2008 или да повикате надворешен консултант  кој има искуство во имплементирање на системи за управување со квалитет. Потоа, треба да се провери дали наведените системи за управување со квалитет соодветствуваат со акциите кои всушност се вршат во фирмата. Треба да се напишат и препораки за подобрување и измени кои би требало да се спроведат.

Штом овие работи се завршат, фирмата е подготвена за ревизија, која ќе ја спроведува независно, акредитирано, сертификационо тело. Врз основа на мислењето на сертификационото тело, се доделува стандардот ISO 9001:2008.

Чекори за добивање на ISO 9001:2008

Менаџментот на фирмата треба да донесе одлука за да воведат ISO 9001:2008.

Треба да се направи гап анализа. Со неа со одредува колкави се отстапувањата од онаа позиција во која што е моментално фирмата во однос на позицијата во која сака да биде.

Се одредува каде има отстапки и се осмислуваат мерки за нивно надминување. Се прави план што треба да се направи, кој и како ќе го направи истото.

Се идентификуваат процесите, заедно со сите подобрувања за да се исполнат критериумите на ISO стандардот. Сето ова треба да биде документирано. Ова е фазата за која е потребно најмногу време и напор. Треба што повеќе вработени да се вклучат во оваа фаза, да го разберат системот и дефинираните процеси но и дадат свој придонес во неговото структурирање.

Се прави интерна ревизија на дефинираниот систем за управување со квалитет. Се пронаоѓаат потенцијалните проблеми. (ако не се пронаоѓа ниту еден проблем или забелешка, најверојатно ревизијата не се врши коректно).

Се одбира сертификационо тело и се закажува термин за екстерна ревизија.

Екстерниот ревизор проверува дали изработениот систем за управување со квалитет ги исполнува критериумите кои произлегуваат од стандардот ISO 9001:2008.

Доделување на сертификатот за ISO стандардот. Со ова компанијата има воведено ISO 9001:2008.

Доколку имате прашања, ви предложуваме да ја погледнете листата со 5 најчести прашања при воведување на ISO стандарди за квалитет , или пак да не контактактирате не на 38978423227. Ако размислувате за воведување на овој стандард, може да побаратe проценка за Вашата фирма онлајн

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.