Кога повеќето од нас ќе дојдеме до поимот ISO менаџмент систем, се запрашуваме што значи тоа и зошто толку многу го бараат? За жал не секогаш можеме да најдеме соодветно објаснување и го третираме како куп документи кои ни се потребни да завршиме некоја работа, најчесто учество на тендер и тука завршува нашата потрага, или пак заклчуваме дека законодавецот така бара и дај да платиме што треба, понатака не се замараме. Овој пристап е најлошата варијанта што можеме да ја одбереме.
Причините за тоа се:
– Не го користиме потенцијалот кој ни го овозможува ИСО систем за управуање
– Не ги гледаме секојдневните придобивки кој ни овозмужуваат поефикасно работење
– И најбитно од сe не ја добиваме вредноста за која сме платиле
За да ги избегнеме овие замки би сакал да ви предочам што всушност значи ИСО систем за управување и како да добиете најмногу за вашите пари.
Па да почнеме од почеток:
За потенцијалот можам да кажам дека сите ИСО системи за управување се по принципот развиен од Едвард Деминг (за оние што не се упатени тој е одговорен за економското кревање на Јапонија после втората Светска Војна), а ја користи алатката нареченa P.D.C.A. (plan do check action).
Покрај оваа алатка тука се и принципите врз кој почива секој ИСО менаџмент систем, помагајќи ни да вклучиме што е можно повеќе луѓе во водењето на системите, да ги идентификуваме процесите во организацијата (од мое искуство верувајте многу организации иако функционираат подолго време не можат да ги препознаат), да ги препознаеме критичните точки за секој процес за да може да ги мериме резултатите ( исто од искуство има организации кои што само ја мерат сметката во банка, не земајќи во предвид што им носи, или пак што им губи пари).
Секојдневните придобивки според мене се нешто кое многу организации не можат да ги видат, ова посебно се однесува на малите фирми. На почетокот откако сме го поминале првиот чекор сме основале фирма и сме се одржале во игра, следниот чекор е да растеме, но како?
Од еден двајца вработени се зголемувате на пет десет или петнаесет, и тука почнуваат главоболките. Процесите почнуваат да се преклопуваат, одеднаш документацијата која ви стоела бирото веќе не е таму, алатот кој сте го користеле е тука некаде, ама не е на видно место, задачите не се извршуваат затоа што не се знае кој на кого што му кажал и тоа на цигара надвор, почнуваат препирки меѓу секторите кој на кого треба да му каже да се заврши задачата.
За овие проблеми едноставно решение е ISO 9001:2015
Преку него точно ќе може да ги утврдите процесите со кои управувате, документацијата секогаш ќе биде на местото каде што треба да е, со соодветни ознaки до кој и каде треба да биде дистрибуирана, алатот мора да биде на означеното место, нема да се трга на терен без да се знае што е потребно да се земе, што кога и каде да се заврши, ќе се води евиденција за тековните задачи чија одговорност е, како и рок до кога треба да се заврши, а ќе се направи и одредување на работните позиции. Препирките помеѓу секторите ќе се прекинат затоа што ќе мора да има организациона поставеност.
За развојот на фирмата во блиската иднина ќе се погрижат барањата за целите и плановите, додека пак за подалечната иднина ќе се погрижат барањата за одредување опсегот и контекстот на организацијата, усвојување на политиката за квалитет, одредување на ризиците и можностите, како и поставувањето на барањата на заинтерисираните страни. Сето ова ќе резултира со постојано подобрување со што ќе добиеме напредок кој ќе можеме реално да го измериме.
Кога веќе еднаш сме одлучиле да платиме за имплементација на систем за управување, потребно е да го искористиме максимум што можеме, не е купче документација потребна за на тендер. Тоа систем на кој му е потребно секојдневно унапредување и одржување, а за возврат ќе го добиеме растот на организацијата кој го заслужуваме и посакуваме.