За да може една организација да се се стекне со исо сертификат, прво мора да ги исполни барањата од тој стандард. Имплементацијата на барањата од стандардот организацијата тоа може да го стори на два начина.

Имплементација

Првиот начин е организацијата со своите вработени да определи тим за имплементација и тие самите да ги имплементираат барањата. Во овој случај компанијата ќе одвои помалку, или воопшто нема да одвои финансиски средства за имплементација.

Проблемот во овој начин на имплементација е тоа што се потпирате на тим кој има мали познавања од стандардите, или пак првпат се среќаваат со нив. Тоа може да се одрази на процесите во организацијата, или пак на подоцнежната фаза, односно на самиот сертификациски аудит.

Аудиторот за време на сертификацискиот аудит, може да воочи големи неусогласувања и ќе ве врати за доработка на неусогласувањата, односно тогаш нема да се издаде сертификат.

Вториот начин за стекнување со ИСО сертификат, е покрај сертификациско тело да побарате и понуда за имплементација од експерти, кои ќе ве водат низ процесот на имплементација и нивна ќе биде грижата да го поминете сертификацискиот аудит без проблеми. Се разбира ова чини повеќе но заштедува на време и носи помалку нервози.

Што се однесува пак до цената за имплементација, таа зависи пак, од тоа колкав ангажман е потребен од консултантот, како и од големината на организацијата и сложеноста на процесите во неа. Исто така битен фактор е и бројот на стандарди што се имплементираат.

Цена на чинење

За да може да ви доловиме отприлика колку чини имплементацијата земаме организација која брои околу десетина вработини со средно ниво на комплексност на процесите. Па така за еден стандард, да речеме дека е ISO 9001:2015, имплементацијата би изнесувала од 800 до 1000 еур.

Сертификација

За да се стекнете со сертификат, ќе треба да склучите договор се сертификациско тело. По правило договорот со сертификациското тело се склучува на три години колку што е важноста на сертификатот. За тие три години се изведуваат три аудити: сертификациски аудит, прв надзорен аудит и втор надзорен аудит.

Цената на чинење ако се држиме до примерот погоре за ISO 9001:2015 би изнесувала околу 1200 еур за сертификацискиот аудит, а за првиот надзорен аудит би била негде околу 600 еур, исто толку би била и за вториот.

Па така за време од три години организација со десетина вработени, средна комплексност на процеси и за еден стандард, би ја чинело 3200 еур.

Доколку сакате да изработиме комплетна понуда за вашата организација контактирајте не на следниов линк , или пак на 078 423 227.

Претплатете се за новости!

Искористете ја оваа можност да ги добивате најновите вести од областа на ИСО стандардите.

Со праќањето потврдувате дека се согласувате со нашата Политика на приватност.